Како што се влошуваше здравјето на кралот Абдул во изминатата година, така Салман превземаше се повеќе должности во кралството. Салман стана министер за одбрана во 2011-та, а минатата година беше одговорен за соработката со американската армија во нападите на ИСИС.
Салман е син на основачот на Саудиска Арабија, кралот Абдул-Азиз Ал Сауд, за кој се верува дека има над 50 синови од различни жени. Тој е еден од "седморката на Судеири," седумте сина од омилената сопруга на Абдул-Азиз, Хуса бинт Ахмад Судеири. Овие седуммина се сметаат за центарот на моќта во куќата на Ал Сауд. Досегашниот крал беше од друга мајка, меѓутоа неговиот претходник, Кралот Фад, е еден од овие седуммина.
Тој и до сега ги поддржуваше бавните реформи на кралот Абдула, на тема образование и поттурнување на ограничувањата на човековите права за жени, и се очекува да продолжи со исто темпо. Во неколку разговори и интервјуа Салман објаснува дека "социјалните и културолошките фактори" многу повеќе од религиозните, наложуваат дека сите промени мора да се воведат бавно. За Салман се знае дека има одлични врски со различните племиња во земјата и дека своето влијание дополнително го шири преку мрежата од семејни бизниси.
На 19 години, Салман бил назначен за кралски претставник и емир (градоначалник) на Ријад. На 28 години тој станува гувернер на провинцијата Ријад и таму останува до 2011-та. За ова време тој го претвора градот во една од најголемите и најмодерни метрополи во светот.
Во 2011-та е назначен Министер за одбрана. На оваа позиција доаѓа по смртта на неговиот брат Султан бин Абдулазиз, кој во тоа време беше крунисаниот принц на Саудиска Арабија (најверојатниот наследник на кралот). Во 2012-та самиот Салман станува крунисан принц на Саудиска Арабија по смртта на тогашниот наследник во чекање, брат му Најеф бин Абдулазиз.
Салман станува крал на Саудиска Арабија на 79 години.