"Ова значи дека на телевизија има 352 серии со сценарио во прајмтајм. Ова значи дека има 352 оригинални комедии и драми со стории и текстови. 352 серии кои се комплетно пополнети со потребните писатели, актери и режисери. 352 серии кои се натпреваруваат за ЕММИ, Златни Глобуси и САГ (Screen Actors Guild) наградите и - уште поважно - за вашето внимание.
Од овие 352 серии, 199 одат на кабелски, 129 на бесплатни телевизии и 24 на стриминг сервиси како Нетфликс, Амазон и Хулу. Да претпоставиме дека секоја од овие е поделена во серии од половина час (а не е), тоа се 15.840 минути серии неделно. Тоа е 264 часа или околу недела и пол," пишува телевизискиот критичар Кеви Фалон за Дејли Бист.
За споредба, во 2009-та има 87 серии со сценарио, во 2004-та се 45, а во 1999-та се само 26. (Под серии со сценарио се подразбираат програми како Игра на тронови, Реј Донова и слични, а надвор од тие 352 серии се сите Кардашијани и слични реални шоуа.)
"Ова значи раст од 665% од 1999-та до 2014-та. Дури и ако се пресметуваат само сериите со сценарио на кабелските телевизии во 2009-та има 87, наспроти 199 во 2014-та. Ова е пак неверојатен раст. Во рок од пет години бројката е зголемена за два пати.
Работата е што 2009-та не беше така далеку.
Го имавме истиот претседател што го имаме сега. На Билборд листата доминираа Бијонсе и Тејлор Свифт, а луѓето веќе дебатираа за поп заслугите на кантри пејачката. И дел од сега најпопуларните телевизиски серии веќе беа на програма: Модерно семејство, Теоријата за големиот прасок, Мед Мен, Паркови и рекреација и други...
... Според The Wrap Нетфликс, Хулу и Амазон годинава ќе потрошат 6,8 милијарди долари на содржини. Ова е феноменално, и е апсолутно застрашувачки," објаснува Фалон.