Влијанието а.к.а. "ефектот на Џон Оливер" се виде неколку пати кога тој иницираше и доведе до промена во различни ситуации:
1. Им ги сруши серверите на ФЦЦ по основа на Нет Неутралноста
Меѓу најпопуларните сегменти беше објаснувањето на целата проблематика со нет-неутралноста и како промените во неа ќе влијаат на користењето интернет во иднина. На крајот од сегментот, тој ги повика гледачите да ги пишат своите коментари на сајтот на ФЦЦ. Кратко по ова комисијата објави дека серверите и паднале заради преголемиот број на коментари. Исто така промените на законот не минаа.
2. Поддршка за женските инженери
Во сегментот против изборот на Мис Америка, Оливер ги објавува сите даночни измами на организацијата и нивното тврдење дека секоја година даваат по 45 милиони долари за стипендии. По ова тој ги повика гледачите да донираат на Друштвото на жени инженери. Во рок од два дена организацијата доби донации од 25.000 долари, што е околу 15% од парите што ги добиваат секоја година.
3. Кревање свесност околу законите за цивилна конфискација
Дополнувајќи ја истрагата на Вашингтон пост, Оливер цела епизода го објаснуваше законот кој и дозволува на полицијата да конфискува пари и имот од луѓе кои НЕ се обвинети за некаков криминал. По вниманието што темата го добива од Пост и Оливер, јавниот правобранител на САД објави дека ќе воведе големи ограничувања на законот.