Злосторство и фактура

5-годишно дете потврдува дека ќе оди на роденден кај едно другарче. Истото 5-годишно дете не се појавува на роденденот. Следниот ден од родителите на славеникот добива фактура од 25 долари за тоа што не се појавил.

Родителите на малиот, Алекс, истовремено го закажуваат него да оди на роденден и да оди да ги види дедо му и баба му. Пропустот е што тие не го известуваат организаторот за промената на плановите.

По роденденот, кога Алекс се враќа во градинка во ранец му ставиле плик адресиран до "родителот/старателот" на Алекс Неш, во кое имало фактура на 16 фунти, по основа "Надоместок за непојавување на детска забава." По ова мајката на Алекс на мајката на славеникот му кажува дека нема да и ги плати парите, на што вторава се заканува со судска тужба.

Оштетената мајка прво најавила дека нејзиниот син повеќе нема да си игра со Алекс во градинка, и инсистира дека таа е оштетена затоа што имала една празна резервација, и дека родителите на Алекс имале контакт информации за да и го откажат присуството.

Целиот случај дополнително се развива на Фејсбук.

 

21 јануари 2015 - 15:04