Ние сме професори од средно училиште во Сен-Сан-Дени. Интелектуалци, возрасни, бранители на слободата, ние научивме како да живееме без Бога и да се гадиме од неговата моќ. Ние немаме друг господар освен знаењето. Овој пристап нè охрабрува и го легитимизира нашиот статус. Луѓето од Шарли Eбдо нè смееа; ние ги споделувавме нивните вредности. Во оваа смисла, овој напад беше насочен и против нас. Иако никој од нас немаше храброст да биде дрзок како нив, ние сме повредени. Во оваа смисла, ние сме Шарли.
Ние не се трудиме да го промениме нашето гледиште и да се обидеме да се гледаме себе си како што нашите ученици нè гледаат на. Убаво сме облечени и комфорно обуени - многу јасно над материјалниот потенцијал кој можеби би ги натерал нашите ученици да се лигават пред најновите потрошувачки производи.
Ние одиме на одмори, живееме опкружени со книги, често сме учтиви и рафинирани луѓе. Ние ги сметаме La Liberté guidant le peuple на Делакроа и Кандид на Волтер како дел од наследството на човештвото. Некои може да приговараат дека универзалноста е де факто, а не де јуре, и дека многу луѓе на планетава не знаат кој е Волтер. Како се осудуваат! Крајно време е овие игнорамуси да се освестат и да се запознаат со таква витална материја - па сепак...
Ако сторениот злочин е одвратен, тоа е затоа што убијците зборуваа француски, со акцент како на младите луѓе од предградијата. Двајцата убијци од Шарли Ебдо наликуваа на нашите ученици. Дел од траумата, за нас, е да се чуе тој глас, тој акцент, тие зборови. И затоа, ние се чувствуваме одговорни.
Ние, кои денес сме јавни службеници во дефектна држава; ние, професорите од училиште кое дозволи овие двајца - и многу други - да застранат од патот на вредностите на Републиката; ние, француските граѓани кои го трошиме нашето време жалејќи се за зголемувањето на даноците, ние, даночните обврзници кои секогаш се обидуваат да добијат даночни олеснувања кога имаат шанса за тоа; ние оставивме индивидуата да го победи колективот; ние кои не сме вклучени во политиката или ги напаѓаме оние кои се: Ние сме одговорни за оваа ситуација.
Жртвите од Шарли Ебдо беа нашите браќа, исто така и Евреите убиени заради нивната религија во гранапчето во Порт де Винсен: Ние ги оплакуваме. Нивните убијци беа сираци од дом за сирачиња - штитеници на нашата држава, деца на Франција. Нашите синови ги убија нашите браќа. Ова е епитом на трагедија.
Во секоја култура вакви настани активираат чувство кое беше изненадувачки отсутно од дебатата: срам.
Па, ние го изразуваме нашиот срам. Срам и лутина: Ова е психолошка состојба многу понепријатна од тага и лутина. Ако човек е да тажен и лут тој може обвинува други. Ама што да правиш кога си засрамен и лут, кон убијците и кон самиот себе?
Никој во медиумите не го изрази овој срам. Никој не изгледаше како да е подготвен да преземе одговорност. Одговорноста за државата која дозволува имбецили и психопати да скапуваат во затвори и да станат играчки на манипулаторите; одговорност за училиштата лишени од средства и поддршка; одговорност на градовите кои ги паркираат своите робови (без документи за престој или гласачки легитимации, безимени, без заби) во депониите од предградијата. Ова е срам за политичката класа која нема разбрано дека доблеста може да се учи само преку пример.
Интелектуалци, мислители, дипломирани студенти, уметници, новинари: Луѓето кои умреа беа наша сорта. А оние кои ги убија се деца на Франција. Па, да ги отвориме нашите очи кон ситуацијата, да разбереме што нè доведе до ова, ајде да делуваме и да изградиме општество лишено од расизам и анти-семитизам, секуларно и култивирано, поправедно, послободно, поеднакво, побратско.
"Сите ние сме Шарли, Евреи, полицајци..." Меѓутоа прогласувањето на нашата солидарност со жртвите нема да нè ослободи од колективната одговорност за злосторот. Затоа што ние сме и родителите на тројцата убијци.