Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Признавањето на Палестина е симболично перење на нечистата совест

Бранот признавања на палестинската држава нема да ги спаси од страдања Палестинците, зашто тој симболичен потег на големите европски земји е насочен кон нивната домашна јавност и треба да ја покрие нивната немоќ да реагираат на геноцидот во Газа. Признавање без решителни акции може да биде сурова пресуда за Палестинците: да имаат држава на хартија, а во реалноста да немаат територија.

Трамп: Парацетамолот е причина за аутизмот

Администрацијата на Трамп тврди дека нашироко користениот лек тиленол, кај нас познат како парацетамол, е главната причина за аутизмот кај децата. На денешната прес-конференцијата, која ја опиша како „историска“, тој ќе претстави и лек со кој може да се третира аутизмот, кој е дијагностициран со повисоки стапки кај децата во САД во изминатите неколку децении.

Здравите црева бараат гушкање

Пре-, про- и пост-биотиците се популарна, скапа и слаба замена за она што треба да го прават, да ја обноват здравата цревна флора која е исклучително важна за општото здравје. Постојат поефикасни природни начини да им помогнете на цревата и нивниот микробиом. На пример, малку да ги извалкате рацете. На пример, да гушнете некого. 

Шимпанзата се на две пијачки дневно

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија откриле дека шимпанзата што јадат ферментирано овошје во нивните природни живеалишта консумираат еквивалент на два алкохолни пијалоци дневно. Ова ја поткрепува хипотезата по која човечката склоност кон алкохол е наследство од навиките на нашите предци. 

Колку долго треба да можете да стоите на една нога?

Нашите тела се менуваат како што старееме: од брчки до слабеење на меморијата и способноста за варење одредена храна. Освен ако не сте по јогата, не се случува често да треба да стоите на една нога. Нормално, не сте фламинго. Но, краток тест може да открие доста за вашето физичко здравје. Стоењето на една нога може да биде добар показател колку добро стареете.

За три четвртини од Американците, САД го изгубиле компасот

Убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, а и политичкото насилство воопшто, драматично ја намалиле довербата на Американците во правецот во кој тргнала нивната земја. Многу повеќе се разочарани републиканците, кај кои оптимизмот е речиси преполовен. Освен атентатот, ги загрижуваат и сигурноста на работните места, зголемените трошоци за живот и криминалот.

Снемува инсекти и кај што нема луѓе

Многу видови инсекти, од пеперутки до скакулци, се помасовно исчезнуваат, не само во региони во кои се загрозени од активностите на човекот, туку и во дивина. Нивниот број во изминатите 20 години се намалил и до 70% во региони што не биле допрени од човекот. Тоа сериозно го зголемува ризикот од домино-ефектот, во кој прво страдаат влекачите и птиците, а потоа и цицачите.

Австрија и Италија се споија под Алпите

Хидраулична дупчалка вчера ги проби последните карпи од тунелот што ќе ги спојува Италија и Австрија 1,5 километар под Алпите. Тунелот Бренер не е само градежно чудо, туку и витален дел од амбициозниот европски проект за потесно сообраќајно вмрежување, скратување на времето на патување меѓу метрополите и пробивање копнен коридор од Хелсинки до Палермо.

Нови препораки за вакцинирање деца во САД

Со новите препораки се разбива комбинираната имунизација од варичела, мали сипаници, заушки и рубеола во една вакцина кај деца под четири години. Тоа се поврзува со напади на треска кај децата по првата доза. Оспорена е и досегашната препорака за вакцинирање на сите новороденчиња против хепатитис Б, а не само на оние со ризик дека може да го наследат од мајката.

Трамп запнал американски трупи да се вратат во Авганистан 

Четири години по понижувачкото повлекување на американските сили од Авганистан, Доналд Трамп има намера да ги врати назад. Поради стратегиската локација и близината до Кина, фрлил око на базата Баграм, единственото парче земја што САД реално го контролираа во 20-те години окупација. Офицери предупредуваат дека враќањето би било тешко и скапо како нова инвазија.

Кина пробива нов Пат на свилата преку Арктикот

Кина тестира нова и потенцијално двојно побрза рута за бродски транспорт на стоки до Европа преку северните води. Тој пат повеќе од половина година е непрооден поради мразот, но Пекинг ја има на ум прогнозата дека климатските промени можат да го стопат мразот, па сака рано рано да стекне доминација. Преку Арктикот бродовите ќе патуваат 18 дена. Преку Суец пловат за 40.

НАТО, а не Русија, ја бомбардирал куќата во Полска

Проектилот што погоди куќа во Полска и низ медиумите беше претставуван како доказ за „дрскиот напад на Русија во првиот директен ангажман против членка на НАТО“, всушност била ракета истрелана од борбен авион на Алијансата. Додуша случајно, и немало жртви или повредени, но покрај куќата, уништена е и довербата во веродостојноста на извештаите за судирот со Москва.

Макрон собира научни докази дека Брижит е жена

Претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит собираат фотографии, вештачења и научни докази за да докажат пред американски суд дека првата дама на Франција е жена. Документите ќе ги претстават во тужбата за клевета против десничарската инфлуенсерка Кендис Овенс, која тврди дека Брижит Макрон е родена како маж. Брижит да беше Бардо, немаше да се влечат по судови.

Сега па десницата ја засака кансел културата

Левичарската кансел култура со години уништуваше животи и кариери заради објави што твитер толпите ќе го проценеа како навредливи. Сега истите срања ги презема другата страна, барајќи замолчување не само на оние што го слават туку и на оние кои недоволно го оплакуваат убиството на Чарли Кирк. А сите се колнат во слободата на говорот. Додека тоа е нешто со кое тие се согласуваат.  

Џими Кимел исклучен од етерот

Телевизиската мрежа ABC го суспендира шоуто на Џими Кимел поради коментари на водителот за убиството на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк. На денот кога Кирк беше застрелан, Кимел на Инстаграм го осуди нападот и изрази сочувство до неговото семејство, но во понеделникот ја критикуваше МАГА дека настојува да го политизира убиството и ја исмеваше реакцијата на Трамп.

ФБИ го следел и Кирк при истрагата за Трамп

Претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли откри дека истрагата на ФБИ против претседателот Доналд Трамп, започната во 2022 година и поврзана со изборите, опфатила десетици републикански луѓе и движења, вклучувајќи го и Turning Point USA на убиениот активист Чарли Кирк. Истрагата Арктик фрост по природа била партиска.

Темната страна на медитацијата

Во препораките за одржување здрав ментален живот со медитацијата и се попопуларниот mindfulness, тешко дека ќе најдете предупредувања за несаканите ефекти за „совршената техника за ослободување на стресот“, која може да се практикува дома бесплатно. А, ги има многу. Ги забележале во Индија пред 1.500 години, а потврдени се во низа нови научни истражувања.

Комисијата на ЕУ призна дека одобрила непроверени вакцини

Урсула фон дер Лајен го преживеа гласањето недоверба поради аферата Фајзергејт, но нема каде да бега од одговорноста дека во трка за профит претворила милиони Европејци во заморчиња. Нејзината комисија сега признава дека вакцините против ковид биле одобрени за користење без да бидат проверени. Целта била да се забрза имунизацијата, а безбедноста била во заден план.

Од „Бен енд Џери“ остана само Бен

Џери Гринфилд се повлекува од култната американска компанија за сладолед Ben & Jerry’s што ја основаше пред 47 години, поради неиздржлив притисок од корпорацискиот партнер за замолчување на социјалната мисија. Не од Бен, од кого има поддршка. На новиот газда Унилевер му пречи нивното противење против геноцидот на Израел во Газа и американското соучество.

Брисел игра како што свири Трамп

Под силен притисок од Доналд Трамп, претседателката на Европската комисија прифати да го забрза процесот на постепено укинување на увозот на руска нафта и гас. Урсула фон дер Лaјен претходно ги одложи и плановите на Комисијата за воведување на 19-от пакет санкции за Москва. Трамп бара од ЕУ многу поостри санкции, не само за Русија, туку и за Кина и Индија.

Кина се пробива меѓу најиновативните нации, ние паѓаме

Кина ѝ го зеде местото на Германија на листата десет најиновативни нации во светот, а како што тргнала, многу брзо ќе ги загрози и Швајцарија, Шведска и САД, кои се на врвот. Македонија е на 63 место од 139 рангирани земји според Глобалниот индекс и е при дното на Европа. Веќе трета година по ред паѓаме и според рангот и според основните показатели за развој и иновации.

Ако “говорот на омраза” може да убие, што е со „грешките од омраза“

Настрана психопатите кои отворено ликуваа на убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, и угледни личности и медиуми се фатија за орото „сам си го бараше“, при што на човек често му се препишува она што не го кажал или пак е извадено од контекст. Македонската медиумска неписменост, со која се коментираат скриншотови од наслови како во нив да е целата вистина, душа дала за такви манипулации. 

ЕУ дебело им плаќа на медиумите за да ѝ ја промовираат агендата

Јавно декларирајќи борба против корупцијата, ЕУ тивко и обилно им плаќа на агенции и медиуми за да ги промовираат агендите на политичката елита во Брисел. Со близу 1 милијарда евра создала финансиска зависност кај медиумите, кои од егзистенцијален страв сами ги шират наративите. Дел од оваа мрежа се и проектите за „поддршка за слободата и плурализмот на медиумите“ во Западен Балкан.

Убиството на Чарли Кирк: кансел културата станува смртоносна

Кирк не беше политичар ниту олигарх. Тој немаше никаква моќ над никого. Тој изнесуваше аргументи и ставови. Дебатираше. Ги изнесуваше своите идеи. Неговиот слоган беше „Докажи ми дека грешам“. Потоа, куршум му го проби грлото додека ја завршуваше реченицата. Неговото убиство е мрачна кулминација на хистеријата маскирана како „грижа“, „љубезност“ и „социјална правда“.