Вести

Филантропија:

Маск печали и од сопствената добротворна фондација

Додека се расфрла со стотици милиони долари за политички кампањи (годинава веќе дал 275 за републикански кандидати), Илон Маск отворено ги презира филантропите. За нив тврди дека прават повеќе штета отколку полза за општеството. А, сепак, Маск ја има петтата најбогата добротворна фондација во САД. И ја користи за претурање пари и даночни олеснувања.

Израелски фирми шпионираат преку онлајн огласи

Бизнисот со онлајн рекламирање, освен што отвора сериозни прашања за нарушување на приватноста, може да послужи и како канал за големи шпионски кампањи. Израелската фирма за дигитално рекламирање помагала да бидат идентификувани и следени корисници кои посетувале одредени страници на интернет или користеле апликации со малициозни реклами.

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Брисел настојува „дигиталниот паричник“ да биде стандард за докажување на идентитет пред банките, иако Европската Унија го претстави како опционален за граѓаните на доброволна опција. Алтернативните проверки и понатаму би биле дозволени, но само како исклучок, кој банката би морала да го оправдува пред надзорен орган.

Речник

Европа, окупиран континент

Европските земји ги поткопуваат своите суштински економски и безбедносни интереси. Потчинетоста кон трансатлантските интереси може да се објасни единствено како вазализација. НАТО не функционира како одбранбена организација, туку како апарат за контрола, а ЕУ како политичко крило на овој империјалистички поредок, забележува Томас Фази во обраќање на форумот Исток-Запад во Истанбул.

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Игра на Грците

Подемот и падот на Грција објаснува многу работи за Европа, политиката и моќта - на начин не поразличен од Игра на тронови.

Митот (и реалноста) на „летните петоци"

САД има една одлична традиција, чие потекло и реално почитување не се баш јасни, но која треба час поскоро да ја усвоиме, како уште еден знак за нашите стремежи за фаќање приклучок кон развиениот свет, влез во НАТО, ЕУ и АУ. Се вика „летен петок", кога канцелариите на почетокот од викендот затвораат порано од вообичаено. Но како што стојат работите во САД денес, изгледа дека ова е повеќе урбана легенда отколку реалност. Барем така вели колумнистка на Њујорк Тајмс.

Во загадувањето е иднината?

Компанија од Британска Колумбија работи на технологија која го собира јаглерод-двооксидот од воздухот и го претвора во гориво. За сега работат на првиот дел од проектот.

Како се станува бестселер на Њујорк Тајмс?

Статусниот симбол кон кој се стреми секој што некогаш напишал книга, прв пат се појавува во 1931-ва година и се однесува на најдобро продаваните топ 9 книги (5 белетристика, 4 останато) во Њујорк. Денес е хаос.

Пешачи во име на мирот во глава

Ако може да им се верува на луѓе кои цел живот учат и работат на темава, прошетка во парк или во природа го смирува мозокот и притоа го менува и неговото функционирањето на начин кој е добар за нашето ментално здравје.

Цехот за мигрантите

Компанијата што управува со тунелот под Ла Манш побара некој да и ја покрие сметката од 9,7 милиони евра што ги потрошила за спречување на мигрантите.

Дубаи почна да гради палми

Компанијата Смарт Палм ги постави своите први "паметни палми" во Дубаи. Планот е да бидат инсталирани исти вакви палми на 103 локации низ градот.

Фифти сентс, завршна сметка

По објавувањето банкрот (ама не од тој најлошиот, уште има пари човекот), Куртис Џексон мораше да се појави во суд, каде неверувањето околу неговиот банкрот го бранеше објаснувајќи "накитот и автомобилите ги враќам во продавница."

Водич за Блискиот Исток за збунети

Не ви е баш јасно што се случува на Блискиот Исток? Не се секирајте, истражувачки тим на тн. „Институт за интернет дијаграми" создаде интерактивна слика која ги сумира геополитичките сојузништва во древниот регион од мезозоик до денес.

Зошто нема женски мињони?

Тоа што сите жолти створови во цртаниот филм се машки се должи на две нивни карактерни особини - мутави се и глупи, што само по себе значи дека не можат да бидат женски.

Човекот кој бесплатно лета низ цел свет

Бен Шлапинг (25) е една од најголемите ѕвезди помеѓу елитна група опсесивни авио-патници со бизарна мисија - да се надмудрат авионските компании. Тие имаат само една цел: да летаат бесплатно, колку што е можно полуксузно, колку што можат повеќе, без да бидат фатени. 

Зошто ајкулата не го гризна сурферот?

Во најкраткото и ужасувачко продолжение од Ајкула, во неделата со запрепастување гледавме како еден сурфер наспроти целата веројатност успеа сред океан да се спаси од напад на ајкула.

Шарли Ебдо: Мухамед веќе не нè интересира

Главниот уредник на францускиот сатиричен весник, Лорен Сурисо, за германскиот Штерн изјави дека неговот списание веќе нема да црта и објавува карикатури од муслиманскиот пророк.

Како да ја преценив грчката влада

Во разговор со Фарид Закариа од СиЕнЕн, Кругман на грб на Грција ретерираше околу најголемиот дел од работите што ги пиша во Њујорк Тајмс: "не ни помислив дека тие се подготвени да се спротивстават без да имаат каков било бекап план... неверојатно - они мислеа дека едноставно само ќе бараат подобри услови без никаков бекап план... Па јас, како што гледате, веројатно ја преценив компетентноста на грчката влада."

За ГМО работите

Тоа што војната против генетски модификуваните организми е полна со сеење страв, грешки и измами, нема никако да помогне овие производи да станат побезбедни, пишува Вилијам Салетан за Слејт, кој речиси цела мината година ја троши на пребарување на доказите, за и против.

Може ли Ронда да го победи Мејведер?

На спортските награди на ЕСПН, ММА натпреварувачката Ронда Роузи собра две награди, и по пат му се ссна на Мејведер, по основа на сите обвинувања против него за домашно насилство односно тепање жени, порачувајќи дека би сакала да се проба со него во ринг. Тоа што ова нема да се случи, не значи дека веќе не започна мисловната гимнастика околу темата.

Германија да го напушти еврото

Последната рунда препирање меѓу Грција и европските кредитори уште еднаш покажа дека држави со така неспоиви економии никогаш не треба да влегуваат во заедничка валута. Би било подобро за сите вклучени, ако Германија, а не Грција, прва се исклучи.

Пејџ и Брин го растурија неработниот петок

Некаде околу пладне во петокот вредноста на акциите на Гугл достигна раст од околу 15% во однос на утрото, најголемиот 1-дневен скок на акциите во историјата на компанијата.

Не купувајте германско

По примерот на сите успешни акции за блокирање на душмански странски производи (Македонци против грчко, Срби против Фруктал и сл.), Грците одлучија дека е време да и нанесат лута рана на германската економија и да ги бојкотираат германските производи.

Кога Техеран ќе добие МекДоналдс?

13 години санкции, 2 години преговори, и сега остана уште потписот на владите од двете страни, за конечно да се кренат санкциите над Иран. Властите на Иран имаат едни очекувања од крајот на санкциите, Иранците сосема други.

На ништо од ова да не верувате

Научници, фела со која до сега се согласувавме по секоја основа (од Биг Бенг до вакцини), некако сфатиле дека ја имаат нашата безусловна поддршка за што било, па дека за сè ќе им веруваме на збор. Овој пат нема да може.

Приколката која ни недостасува

Како што знаат некои меѓу нас, пишувањето на сајтов од локации „среде никаде“ и имањето сигурна интернет врска, не е секогаш можно. Или барем така мислевме дур не ја видовме оваа приколка.

Варуфакис, бунтовник без причина

Откако цела седмица тераше лута непоколеблива кампања за гласање "НЕ" на грчкиот референдум, Варуфакис вечерта на 5-ти јули ја дочека победоносно. Следното утро сред победничка атмосфера и со обновена доверба од граѓаните, Варуфакис поднесe оставка на министерската позиција, ама остана парламентарец.

Маршал направи смартфон

Од чиста мира Маршал (да тој, црко Маршал) денес објави дека направиле смартфон, и ги пушти првите информациите и фотографии од него. Службеното име на смартфонот на Маршал е - Лондон.