Вести

Купуваат милост од Трамп со донации за Салата за бал

Произраелски магнат на казина, технолошки гиганти, производители за оружје се најголемите донатори за Салата за бал во Белата куќа што ја гради Трамп. На списокот што протече до јавноста врие од компании и директори што склучиле договори со владата, извлекле корист од регулаторни мерки или добиле помилување од претседателот.

Дојде време да се укине престапната секунда

Глобалното тело за мерки реши да ја укине „престапната секунда“ со чие додавање се прилагодуваше официјалното глобално време со астрономското. Забрзаната ротација на Земјата  налагаше почесто поместување на времето на атомските часовници. Наместо секунда, се воведува „престапен час“, кој нема да ни биде проблем. Со него ќе се занимава некој по 1.000 години.

Големите американски банки одбивале „политички неподобни“ клиенти

Деветте најголеми американски банки вршеле дискриминација на клиенти врз основа на нивните проценети политички, идеолошки религиозни или социјални убедувања и деловни активности. На удар најчесто биле бизниси поврзани со рударство и експлоатација на фосилни горива, производители на огнено оружје и тутунската индустрија.

Речник

Повеќе затвори се единствено решение за преполнетите ќелии

Британија веднаш се соочи со очигледен неуспех на стратегијата за предвремено ослободување на стотици затвореници поради преполнетост на затворите. По само една недела голем дел се вратија зад решетки. Владата ќе мора да прифати дека нема друга можност освен да дозволи да биде надминат капацитетот на затворскиот систем, сè додека не се изградат нови затвори.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

Кличко во ринг со Зеленски: Каде отидоа милијардите за одбрана на Киев?

Градоначалникот на Киев ги обвини претседателот Зеленски и неговата влада за копрупција и за злоупотребување на воената состојба за политички напади врз општинските власти. Токму пред грејната сезона владата ги замрзнала давачките за комуналните претпријатија, а Киев го оставила изложен на руски проектили, наспроти милијардите евра наменети за противвоздушна одбрана.

Како да не се здебелите за викенд

Дивеењето за време на викенд може да збрише цела недела вежбање. Еве неколку финти, со помош на кои ќе можете да забавувате како рок ѕвезда, а да се чувствувате здраво во понеделник.

Португалија истера четири дена само на обновлива енергија

Цели 107 часа Португалија имаше нула емисии на штетни гасови, откако целата побарувачка за електрична енергија во овие 4 и нешто дена ја покри од обновливи извори: ветер, сонце и вода.

Сноуден: ЦИА никогаш не уништува нешто по грешка

Реакцијата на Сноуден се однесува на вчерашната вест дека ЦИА по грешка го уништила единствениот примерок од деталниот извештајот на Сенатот од 6.700 страни за "напредните" техники за испрашување.

Рејџ + Паблик Енеми + Сајпрес Хил

Сите членови на Рејџ Агенст Д Машин освен Зак де ла Роча, плус Чак Ди од Паблик Енеми и Би-Риал од Сајпрес Хил, се собираат и формираат нова супергрупа.

Повторно будење на германскиот Бундесвер

По цели 25 години од завршувањето на Студената војна, германската армија ќе ги проширува своите вооружени сили. Бегалците, Сирија, Украина... си повлеквит.

Новата постава на Бразил

75-годишниот адвокат Мишел Темер е новиот претседател на Бразил. Кратката рецензија на неговиот нов кабинет е: првиот избор за министер за наука му беше креационист, а за министер за земјоделие избра земјоделски тајкун кој до сега е одговорен за дефорестација на огромни парчиња од Амазон. По пат, Темер е првиот претседател во изминатите децении што нема жени во својот кабинет.

Кинески младенци на својата прва уставна ноќ

Тазе венчана двојка од Кина ја минале нивната прва брачна ноќ препишувајќи го уставот на нивната држава. Word count: 17.000 зборови. Цел: да ја помогнат националната кампања за подигнување на свеста за вредностите на кинескиот систем. 

Глобалното затоплување нема крај

Новата граница на климатски ужас со кој треба да живееме (барем до крај на месецов) е дека годинешниов април не само што беше најтоплиот април во последните 137 години, туку тој беше и 12-от последователен месец што го постави овој рекорд.

Ја пијат ли Американците тоа нафтата?

Американците сакаат да се лидери во многу работи, особено во големите прашања какви што се енергетските проблеми на оваа планета. Па сепак, тие како 5% од светското население трошат 20% од глобалните енерго ресурси. Политичката цена на тоа в лице да им се каже дека треба да олабават е висока. Прашајте го Џими Картер.

Евровизија се гледа со две раце

Додека другите мереа гласови, гео-стратешки поделби и кој на кого му е брат по Евровизија, Порнхаб за време на финалето 61-та Евровизија мереше кој колку го посетувал нивниот сајт.

Кога слободата значи - да стигнеш во затвор

Холандија сместува бегалци од сириската криза во своите затвори. Но, кочете малку со тој цинизам на прва топка.

BBC ги трга рецептите од сајт

Заради потребата од финансиска диета и желбата да се врати на својот стар карактер, Би Би Си реши да го ослаби веб сајтот. Меѓу другото, од таму ќе бидат тргнати 11.000 бесплатни онлајн рецепти за храна.

Ќе успее ли Европа да ја избегне војната?

Македонската политичка криза го роди Пржино, украинската го изнедри договорот од Минск. Практично и двата договора се во колапс но таму се 'понапред' од нас па веќе звецкаат со оружје.

ЕУ е чист ќар од бегалците

Унијата ќе заработи два пати повеќе пари од бегалците отколку што ќе потроши на нив, односно моментално растечкиот јавен долг ќе биде надоместен со уште поголем раст на БДП-то, покажа веројатно првата суштинска анализа на темата.

Најхипстерскиот хрватски производител на чевли - Борово

Додека кај нас е заглавен во фолдерот Боросани, последниве години Борово на Запад се претвори во еден најголемите хипстерски брендови препознатлив по дизајнот со еднорози.

Тајната на успехот

Талентот е само 10% од успехот. Сè останато е кирија, струја, брашно, шеќер, зејтин.... -од омотот на плочата на групата Булдожер.

Патриот на данок се познава

Тоа што директорите на финската компанија Суперсел, авторите на Клеш оф Кланс, одлучуваат да покажат највисокото ниво на корпоративна благодарност кон државата и наместо да бегаат по офшор адреси да платат данок во Финска, ги зголеми финските приходи од данок на капитална добивка за една петина.

Европа сака референдуми

Речиси половина од населението во 8 големи ЕУ земји сакаат и кај нив да се одржи референдум за останување или заминување од Унијата, онаков каков што Британците ќе имаат наредниот месец.

Како Монт Еверест не е највисоката планина на светот

По една поразлична методологија за мерење планини од стандардизираната, врвот Чимборазо во Еквадор е највисокиот врв на светот, а не Еверест.

Данок на брада

Комплетно збунет од "психологијата зад трендот" бербер од Британија започна постапка за воведување данок на секој што носи брада.

Кинезите ја купуваат Америка

Кинезите се најголемиот странски купувач на американски недвижнини. Во последните 5 години во тој сектор вбризгале 110 милијарди долари а во наредните 5, таа цифра ќе ја дуплираат.

Одбивањето бегалци нема да успее

Идејата дека ќе го решите проблемот со тоа што ќе ги вратите бегалците кои ќе ви дојдат на граница никогаш нема да успее, затоа што не е така едноставно, порачува високиот комесар на УНХЦР.

Како сè умираат луѓе на работа

Дневно во САД во просек умираат 13 луѓе од повреди здобиени на работа. Во рок од 8 часа секој од овие случаи мора да биде пријавена до Департманот за труд. Според нив, во изминатите 40 години над 14.000 работници годишно загинуваат на работно место.

Основи на сексот, за мигранти

Со карактеристично Дата ниво на социјална интелигенција, германската влада ја пушти веб страната со технички упатства за дојденците од Блискиот исток за тоа што е дозволено, а што не во сексот во германската култура.