Според Occupational Safety and Health Administration која сето ова време ја води евиденцијата, најчеста причина за смрт се сообраќајните несреќи (сообраќајки или прегазување од камион), по ова следуваат паѓање (шахта или дупки), изложување на штетни супстанци, или удар од голем објект.
Ескваер вади список на дел од овие смртни случаи:
- Работник е шутнат од слон.
- Работник е смачкан кога тракторот што го возеше на кој беше закачена приколка полна калинки, се преврте на страна. Работникот најверојатно се обидувал да сврти полукружно при преголема брзина.
- Работник што го чистел миксерот за месо, загина откако паднал во него.
- Работник што јавал коњ на ранч додека извршувал рутинска работа, паднал од него и бил убиен откако коњот му стапнал на торзото и главата.
- Работник вадел скала заглавена во калишта и гранки. Скалата одлетала во воздух и на паѓање го удрила работникот во грб, при што фатално го повредила.
- Работникот кој бил совладан од издувни гасови додека реновирал када, починал од загушување.
- Работник бил смачкан меѓу две подвижни вертикални фабрички летни.
- Работник бил удрен и убиен од голема бала луцерка.
- Ски инструктор во ски ресорт загинал откако се заглавил во дупка од ѕид.
- Работник кој патролирал во локалното езерце со кајак бил нападнат од лебеди, заради што паднал во вода и се удавил.
- Работник што сечел метална цевка со пила за цевки загинал кога пилата се одбила и го удрила работникот во врат.
- Работник загинал откако запалено дрво му паднало на глава.
- Работник бил смачкан од полица бели пецива.
- Работник во винарија бил смачкан во пресата за вино.
- Работник бил смачкан и убиен откако количка со 900 килограми цинк паднала врз него.
- Вработен загинал откако бил фрлен а потоа и смачкан од булдожер.
- Работник паднал во секач за дрва.
- Работник загинал откако делумно бил вовлечен во секач за дрва. Ногата му се заплеткала во јаже кое го повлекло. Тој загинува откако главата ја удира на влезот од машината. Без контакт со сечилата.
- Работник е погоден од парче пиротехника за време на огномет.
- Вработен во ски патрола загинува во лавина.
- Починатиот одел преку резервоарот и преку шахтата паднал во резервоарот со вода што врие. Тој или се удавил, или загинал од изгореници.
- Работник заварувал дел на поморски објект. Електрода што била во употреба дошла во допир со потта на неговиот врат, предизвикувајќи електричен шок.
- Работник ја чистел преостаната пластика од калапот. Тој стоел меѓу двата дела на калапот кога машината се активирала и го смачкала.
- Работник заменувал дел под булдожер. Булдожерот бил кренат на две дигалки. Работникот бил под булдожерот кога тој паднал од дигалките и го смачкал.
- Работник бил прегазен од приколка додека жнеел кромид.
- Работник бил удрен до струја додека прскал нива со брокули, кога ја кренал прскалката која удрила во електричната жица над него.
- Додека работат во 5-6 метри длабока дупка, попуштаат страничните ѕидови кои ги потрупуваат двајцата работници. Едниот е спасен и хоспитализиран, а вториот е комплетно закопан и умира.
- Работник е смачкан од ѕидовите или кровот на зграда откако врз објектот паѓа камион.
- Работник е вовлечен во секач на дрва.
- Работник ручал и проголтал пчела.