Како да не се здебелите за викенд

Дивеењето за време на викенд може да збрише цела недела вежбање. Еве неколку финти, со помош на кои ќе можете да забавувате како рок ѕвезда, а да се чувствувате здраво во понеделник.

Ако планирате да:

Излегувате во град.


На крајот на неделата, барем еднаш здраво вежбајте. Со ова ќе им се спротивставите на екстра калориите, кои и тоа како ќе ги внесете за викендот.

Олабавете го џогирањето, и вежбајте нешто друго, на пример бокс. Ем ќе согорите многу калории, ем ќе ја засилите мускулната маса. Наместо куќниот велосипед, отидете на пливање, играјте фудбал или кошарка. Трчајте, ама со силни спринтови или по угорница.

И да се разбудите подоцна, обидете се да ги започнете саботата и неделата со здрав појадок. Тоа ќе Ви го активира метаболизмот. Успешната контрола на тежината е секогаш врзана со појадокот.

Кулирате по дома.


Прво што треба да направите, е да се измерите во сабота сабајле, и сетете се да го направите истото во понеделник. Истражувањата велат дека луѓето што редовно се мерат на вага, подобро ја контролираат својата тежина.

Разновидната храна е темел на здравата исхрана, но многуте опции се клетва за тие што сакаат постојано да мезат. Редуцирајте ги попладневните ужини на еден здрав избор, на пример бадеми, пуканки, перек... Без репете!

Избегнувајте непотребно јадење додека сте пред телевизор. Оставете ги храната и пијалoците во кујна. Кога храната Ви е пред нос, повеќе јадете.

Одите по барови.


Излезете со полн стомак. Пред да се упатите кон барот, изедете околу 150 грама месо, пилешко или риба, со гарнир од варен зеленчук. Кога сте сити, помала е веројатноста да влетате во бар каде што се служи мрсна храна.

Настрана од мешани пијалаци, тие можат да достигнат  енергетска вредност и од 500 калории. Држете се за пиво или вино, тие имаат по 150 калории за чаша. Ако веќе сте се решиле за нешто сечено, нека биде со диетална кола или диетален тоник.

Буџет. Пред да започне ноќта,  поставете си граница, колку ќе потрошите вечерта. Потоа, од време на време заменувајте го алкохолот со чаша минерална или обична вода. Така ќе пиете помалку, можеби и помалку од планираното.

Одморете. Ако се лишувате од сон, го збеснувате метаболизмот, и многу тешко ќе избегнете да се прејадете, посебно ако сте пиеле цела ноќ.

Јадете надвор.


Најавете го оброкот нарачувајќи нешто здраво.

Не ги трошете калориите на секојдневна храна, како леб и печени компири. Зачувајте ги за некоја опција која не ја јадете често, ниту ја приготвувате дома.

Пијте со оброкот, не пред него. Пиењето пред јадење го намалува Вашиот отпор, зголемувајќи ја шансата да се препуштите на нешто што не го сакате.

20 мај 2016 - 12:31