Според резултатите од анкетата на Ипсос-МОРИ, околу 50% на испитаниците во Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска и Шпанија сакаат таков референдум.
А ставовите околу тоа прашање сериозно варираат од држава до држава. 48 % од Италијанците би гласало за излегување од ЕУ, исто како и 41% Французи, но во Шпанија такви се само 26 % а ви Полска 22 %.
Италијанските резултати не се изненадување со оглед на тоа што тамошното анти-естаблишмент Движење 5 ѕвезди стана втора политичка сила во земјатаа тие сакаат излегување од евро-зоната. Истата кауза во Франција ја бутка десничарскиот Национален фронт.