Јелена Прториќ за Слејт ја раскажува историјата на фабриката која во 1931-ва ја основа чешкиот индустријалист Јан Бата. Истата фабрика во 1945 е национализирана и следните 45 години функционира како државна компанија. Во тоа време е Југословенски комбинат за гуми и обувки Борово, кој произведува се од чевли и гуми, до боја за чевли и врвки. Тогаш компанијата брои околу 620 продавници низ цела Југославија, има сопствена флота за транспорт на производите и годишно произведува околу 23 милиони пара чевли.
Фабриката затвора во 1991-ва, со почетокот на борбите во Вуковар, и отвора дури откако градот повторно станува дел од Хрватска во 1998-ма.
Ситуацијата е: штета од стотици милиони евра, комплетно застарен и незанимлив бренд, и никој, посебно младите, не ги купуваат нивните обувки.
Кон крајот на 2000-та, одлуката е дека ќе се почне со производство на нивниот бренд патики, Стартас, кој првично е создаден уште 1967-ма. Со помош на дизајнерот Мауро Масарото, тие прават комплетен редизајн на брендот. Производството на Стартас и понатаму е на истите машини и опрема од 1967-ма.
По пат, благодарејќи на дизајнерката Ива Ќураковиќ-Спајиќ, Борово ја воскреснува и Боросаната во форма на Боромина, која ги има истите линии како претходничката меѓутоа се изработува од други, шарени, материјали.
Работниците во Борово во разговорот со Прториќ објаснуваат дека за нив се нема многу сменето, "цел живот работам за минималец," освен што сега многу повеќе новинари ја посетуваат фабриката и ги фотографираат вработените.