Верзијата што извори од ЦИА ја даваат за Јаху Њуз е дека вработените на агенцијата по грешка го избришале фајлот со извештајот што бил аплоудиран на нивниот компјутер, по што од "невнимание" го уништиле и дискот на кој бил документот.
"Сум работел во ЦИА. Го имам напишано Планот за итно уништување за Женева. Кога ЦИА уништува нешто, тоа никогаш не е грешка," напиша Сноуден на Твитер по објавата на информацијата.
ЦИА не го потврдува уништувањето на документот, кој и понатаму се води како тајна, и најверојатно никогаш нема да биде објавен. Инаку документот детално ги обработува "напредните" методи на испрашување што ЦИА ги користи во затворите вон САД, како вотербординг или лишување од сон.
Минатата недела американскиот апелационен суд заклучи дека целиот извештај не потпаѓа под законот за слобода на информациите.