"Немаме никаков реален напредок", сподели украинскиот шеф на дипломатијата Павел Климкин по последниот состанок на нормандиската четворка (Германија, Франција, Русија и Украина) на кој се увиде дека ланскиот договор од Минск кој беше единствена алтернатива на војната е во комплетен ќорсокак.
Проблем е Донбас, проблем се изборите, проблем е децентрализацијата... Делуумно се исполнети само 3-4 од вкупно 13 точки на минскиот договор. Во ваква ситуацијата нема шанси бунтовничките власти од Донбас доброволно да ги предаадат полугите на моќта на Кијев а Украина не може да рискира воено да го реши ова прашање поради комплетно непредвидливиот развој на настаните во таков случај.
Не дека некои не го сакаат тоа. Лидерот на неонацистичкиот паравоен Десен Сектор се заложи за напуштање на преговорите во нормандискиот формат и за започнување ново анти-руско сојузништво на Украина со Турција, Полска, Романија и балтичките земји. Според Дмитри Јарош, украиската војска не била доволно силна кога се потпишуваше договоро од Минск, а сега кога е подготвена, нема потреба од него.
Украинскиот национализам доби ветар во грб и по евровизиската победа на Џамала, не заради музичкиот успех туку зашто тоа се доживува како симболичка поддршка од Западот.
Допрва ќе биде "весело" со оглед на тоа што победникот на Евровизија автоматски станува домаќин на следниот натпревар. Тоа го искористија и бившите премиери Арсениј Јацењук и Јулија Тимошенко да го повикаат НАТО да им помогне и да гарантира дека домаќин на Евровизија догодина ќе биде Севастопол, на Крим. Истовремено, на страницата на украинскиот претседател Порошенко е поставена петиција за именување на Јацењук за украински амбасадор во Русија.
Во меѓувреме, европските санкции за Русија сè повеќе ги болат некои европски земји кои трпат штети од нив па руски кругови се надеваат дека евровизиската победа ќе биде само утешна награда за Украина откако санкциите ќе бидат укинати за што би можело да се искористи фактот дека Киев навистина нема остварено добар дел од своите обврски од Минск.
Во меѓувреме во Донбас се обновуваат вооружените престрелки за што сведочат извештаите од Доњецк, Гарловка, Авдивка....
Европскиот самит закажан за јуни би требало да биде "момент на вистината" по што ќе се знае што може да се очекува од кризата во Украина. Изгледите за хепиенд се тенки со оглед на последните информации кои говорат дека на теренот сите се подготвуваат за војна. Во неколку градови долж кризната граница паѓаат гранати а двете страни меѓусебно се обвинуваат за дека се довлечкува тешка артилерија во демилитизираните зони.