Вести

Кличко во ринг со Зеленски: Каде отидоа милијардите за одбрана на Киев?

Градоначалникот на Киев ги обвини претседателот Зеленски и неговата влада за копрупција и за злоупотребување на воената состојба за политички напади врз општинските власти. Токму пред грејната сезона владата ги замрзнала давачките за комуналните претпријатија, а Киев го оставила изложен на руски проектили, наспроти милијардите евра наменети за противвоздушна одбрана.

Долгиот ковид уништува допамин во мозокот

Научници открија дека долготрајниот ковид ги уништува допаминските рецептори во мозокот, кои се одговорни за мотивација, паметење и чувство на задоволство. Колку е потешка болеста, толку се посериозни последиците. Најлошо од сè е тоа што последиците се трајни, бидејќи оштетените рецептори за допамин не се обновуваат по заздравувањето.

САД ја притискаат Европа да одмрзне руски милијарди

Соединетите Држави побарале од европските земји да деблокираат дел од руските државни пари, кои беа замрзнати по инвазијата врз Украина, и да ги префрлат во посебен механизам под надзор на Вашингтон. Ова е дел новата американска иницијатива за заживување на преговорите за крај на војната и за постигнување сеопфатно мировно решение за Русија, Украина и Европа.

Речник

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Трамп, Змејот и Минотаурот

Ако има нешто што Доналд Трамп го разбира, тоа е вредноста на банкротирањето и финансиското рециклирање. Знае сè што треба за стратешки банкрот, по кој следува масовно отпишување на долговите и создавање имот од сопствени задолжувања. Меѓутоа дали тој ја разбира суштинската разлика меѓу долг на градежник и долг на огромна економија? Дали тој разбира дека приватниот долг во Кина е буре барут под глобалната економија?

Германската влада стана пребирлива кој сè може да убива со нивно оружје

Германскиот производител на оружје Хеклер и Кох повеќе нема да потпишува договори за испорака на оружје на земји што не се членки на НАТО, а и на некои што се.

Венецуела почна да ги мери парите на кило

До крајот на годината инфлацијата во Венецуела се очекува да стигне до „нема потреба да ги бројам, стави ги парите на вага“ нивoa.

Смартфон во раце на Трамп (по дефиниција) е опасна работа

Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.

Кешот е утепувачка

Индискиот премиер реши да ги повлече двете најчести банкноти во земјата, со што предизвика трговски колапс во државата во која 90% од трансакциите се извршуваат во кеш. Наместо да отстапи, тој порача дека сега му е мајката да се фати чекор со светот.

Кога науката кажува слатки приказни

За да се задржи нивото на потрошувачката на шеќер, индустријата платила научен развој на вакцина против расипување заби. Тие што слепо ѝ верувале на таквата наука останаа и без вакцина и без заби.

Марокански совети за тепани жени

Државната телевизија на Мароко во една од своите општествено корисни програми демонстрираше "како жените да ги покријат модриците со шминка и да продолжат со секојдневниот живот." Реакцијата на емисијата беше баш како што ја замислувате.

Лекција по Кастро за Бибиси

Новинарка на Бибиси по повод смртта на Кастро разговара со експерт на тема Куба. Разговорот го почнува со веќе спремната компилација "диктатор, човекови права, прогон, слобода на говор" и слични клучни зборови што стандардно го проследуваат Кастро во западните медиуми.

Не ви е Фејсбук крив за Трамп

Треба да се разјасни дека Фејсбук не ги реши изборите, и Трамп нема да биде следниот претседател на САД заради неговата способност да се расправа со медиуми и славни личности на Твитер, пишуваат Кит Хемптон и Езтер Харгитаи во Хил.

Што интересен термин: Западна пролет

По арапската доаѓа време и за западна пролет, сметаат аналитичари во време во кое сè уште не може да се дижестира победата на Трамп и што таа значи за слободарскиот западен свет каков што досега го знаевме. Кованицата допрва почнува да се формира и полни со содржина но, се тркала наоколу....

Кратка Фејсбук вирус приказна

Доброто е што според последните искуства ако некој што одамна (или никогаш) не ви пишал одеднаш ви прати слика на Месинџер на Фејсбук, веројатно не планира да ви продаде осигурување. Лошото е што најверојатно сликата ќе ви го зарази компјутерот.

Ко да се залетавме околу тестаментот на газдата на Корона

Вчера во една од ретките добри вести на 2016 објавивме дека поранешниот прв човек на Корона во тестаментот им оставил по 2 и нешто милиони евра на сите жители на своето родно село. Тек па на нив да знаете колку им е криво што ова не е точно.

Фидел Кастро: Ок, толку од мене

Ако мачката има 9 животи, тогаш Фидел штотуку ја потроши својата 70-та мачка. Се вели дека кубанскиот револуционер преживеал 634 атентати. Ги надживеа сите свои смртни непријатели освен еден - капитализмот.

Кадиров одбра реално

Рамзан Кадиров е човек кој ветува и остварува, без разлика колку е лудо тоа што го ветил. Пред некое време најави ќе одбере топ помошник преку реално шоу и го избрал. Ене го победникот, се спрема да биде шеф на државната агенција за стратешки развој.

Не е прв пат елитите да ја утнат историјата

Погрешното читање на актуелните настани од страна на елитите не почна со нивното слепило кон неизбежната победа на Доналд Трамп. Треба да се погледне само пред неколку месеци и гласањето за брегзит, или она што во тоа време беше неочекувано рушење на Берлинскиот Ѕид. Во ретроспектива историјата изгледа јасна, меѓутоа оние што ја нагаѓаат според сегашноста често пати ја грешат.

Пицагејт, најневеројатната теорија на заговор околу Хилари

Сценариото е следно: објавените мејлови на Хилари откриваат постоење на тајно здружение на педофили чие седиште е пицерија во Вашингтон која се поврзува со блиски соработници на кандидатката за претседател. Бонус во приказната: Асанж (кој не е виден во јавност од октомври) најверојатно е убиен заради објавување на веста.

Корона не заборава

Еден од сопствениците на Корона, Антонио Фернандез, во својот тестамент ги направи милионери сите жители на неговото родно село.

А кај да делам?

Кога и Логин и Васко ќе ти го пуштат во ист ден, јасно ти е дека ќе имаш порив да го споделиш понатаму. Зденко Фрањиќ, денеска е Лутајучи Диџеј Здена а зад него се Слушај најгласније, Мајке, Хали Гали Халид, Сатан Панонси.... Има нов албум, со вкупно две песни.

Британија ќе цензурира видеа со "неконвенционален" секс

Пуританскиот дел од Британија е на праг да извојува голема победа ако пројде предлогот за забрана на видеа со неконвенционален секс. Да се објасниме директно: освен оние фетиш порничи, спенкувања и слично, во тоа би спаднала и познатата категорија "four fingers". Замислете вие држава да ви се меша колку прсти можете да употребувате во секс. 

Кинескиот град на море од 100 милијарди долари

Технички се наоѓа во малезиски територијални води, во пракса го гради и плаќа кинеска компанија. Распореден е на четири острови, треба да смести 700.000 илјади луѓе, а од февруари до сега продадени се вкупно 8.000 станови.

Пребројување на гласовите во САД?

Се повеќе либерали ја повикуваат Клинтон да побара пребројување во трите клучни држави кои ја овозможија победата на Трамп: Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Барањето се базира на тврдењето на американски експерт за компјутерска безбедност, според кого некоја надворешна сила (Р-У-С-И-Ј-А) би можела да ги хакне изборите. Тој го разработува и целото сценарио за потенцијалното хакирање.

Само Меркел може да го спречи имплодирањето на либералниот Запад

Се вели дека домашни гости се како мртва риба: после третиот ден почнуваат да мирисаат. Меркел веќе отслужи 11 години како канцеларка, иако уште на 8-та година таа ја изгуби популарноста. И сепак таа останува единствениот разумен избор за работата. Никој друг не може да ја спречи имплозијата Западот.

Другари и другарки, Корнел Вест

Корнел Вест е тешкаш во американското интелектуално миље. Еден од ретките отворени социјалисти и исто така еден од ретките црнци кои го имаат критикувано Обама (Амди би му претскажал многу пари и среќа). "Збогување со американскиот либеризам. Ова е нова ера," е насловот на неговата последна колумна за Гардијан. Бонус: човекот бил во Матриксот.