Фернандез, кој почина во август на 99 години, на 80-те жители на шпанското село Серазалес дел Кондадо им остави вкупно 198 милиони евра. Според тестаментот секој селанец ќе добие по 2,35 милиони евра.
Според тестаментот селото ќе добие и нов културен центар, и непрофитна фондација со 300 вработени.
Тој завршува само основно школо во своето село, а во 1949 на 32 години мигрира во Мексико. Во новата држава тој се жени со Циниа Гонзалес Диез, и почнува да работи во компанијата на чичко и, Групо Модело производителот на Корона. Во 1971 тој станува ЦЕО на компанијата и го претвора Корона во извозен феномен. Денес компанијата само во САД има годишна продажба од 654 милиони евра.