"Не треба да ѝ биде работа nа владата да регулира каков тип консензуален секс меѓу возрасни може да гледаат возрасни луѓе," вели Џоди Гинсберг од една од организациите за граѓански слободи кои се противат на намерата на владата.
Се работи за таканаречен закон за дигитална економија кој го бутка министерот за култура, кој пак под парламентарен притисок најави дека ќе бидат сите блокирани сите веб сајтови кои не се усогласени со новите британските норми.
А на претставници на телото задолжено за класификација на вакви материјали им се испушти дека жолт картон ќе им се даде на сите сајтови кои немаат верификација на возраста (тоа добро) но и содржат опсцени материјали (па какви материјали да содржат порно сатови?) со неконвенционален секс.
Засега не постои уврдена листа на забранети сексуални активности, но, можете да замислите.
Освен наведениот фоур фингерс, ќе биде забрането и сквиртање. А машка ејакулација може.
God save the Queen.