Вести

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Речник

Норвешката војска самата се шпионирала за Кинезите

Решавајќи логистички проблеми со транспортот на резервисти, норвешката територијална одбрана потенцијално доставила чувствителни снимки до Кина. На војници што учествувале на воени вежби им организирала превоз со изнајмени кинески автомобили со камери што снимаат сè наоколу. Членката на НАТО продолжила да ги користи дури и откако бил откриен пропустот.

Трамп турка нов мировен план за Украина

Дозволата што Трамп ѝ ја даде на Русија да извезува дизел, која го изненади Зеленски и предизвика бурни реакции од Европа, всушност е само дел од сеопфатен план за крај на војната во Украина. На Киев му се нудат безбедносни гаранции и пари за обнова на земјата, а Русија би добила енергетски проекти и долгорочен извоз на нафта и гас на европскиот пазар.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Не е до белото, до мозокот е

Тоа што некои стануваат зависници од кокаин првично беше објаснето со погрешни проценки, односно дека начинот на кој дрогата зафаќа одредени делови од мозокот спречува одредени луѓе правилно да расудат меѓу минатите грешки или да разликуваат што е добро, а што е погрешно. Сега позицијата е ревидирана на - некои луѓе имаат генетски предиспозиции за зависност од дрога.

Јога на работ од провалијата

Не сме беспомошни и кога се чини дека сме. И има народ на кој му дошло до култура и поезија, и кога се мисли дека веќе го нема, порачува Матија Беќковиќ во разговорот за Блиц, откако на претставниците на манастирот Милентија им предаде прилог за негова обнова.

Македонецот Мајк Илич тивко ја помагал Роза Паркс

Најбогатиот Американец со македонско потекло кој деновиве почина на 87 годишна возраст со години ѝ плаќал стан на Роза Паркс, жената која ја започна борбата за граѓански права во САД. Човекот бил богат, ама не и шконтар.

Во доба на роботи, школите ги учат нашите деца да бидат излишни

Во иднината ако сакаш да имаш работа, ќе треба да бидеш што е можно поразличен од машините: креативен, критичен и социјално вешт. Ако е така, зошто тогаш децата се учат да се однесуваат како машини?

Не е важна оставката на Флин, важно е кој му кажал да се чуе со Русите

Мајкл Флин е американскиот генерал со три ѕвезди што пред неколку дена беше сменет од позицијата советник за национална безбедност на Трамп поради неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор во Вашингтон. Според магазинот Политико, американски генерал не се слуша по своја волја со руски амбасадор.

Докторат на денот: Важноста да се биде Македонец

На официјалната веб-страница на една од најпрестижните европски образовни институции, женевскиот Институт за меѓународни и развојни студии, деновиве осамна докторатот на Вера Лалчевска, кој се занимава со фамозното прашање за името.

Арсен и жива за вас прекрасни безглутенски луѓе

Прво да кажеме дека станува збор за мала студија, второ да кажеме дека во неа истражувачите имаат откриено дека безглутенската храна содржи зголемени нивоа на отровни метали.

Митот за враќањето на фабричките работни места во Америка

Фамозниот и не помалку контроверзен американски економист Џефри Сакс вели дека САД се зрели за нов бум на работни места. Само што тоа нема да бидат нови фабрички места. И нема да се платени баш најдобро.

Табуто на родителите што се пишман што имаат деца

Денот кога Викторија Елдер го раѓа своето дете, во истиот момент кога ѝ го ставаат бебето во раце таа „чувствувала и сè уште чувствува дека направи грешка“. Важната дистинкција е дека таа ја сака ќерка си, ама сепак мисли дека направила грешка.

Убиен полубратот на Ким Јонг-Ун

Ким Јонг-Нам, 45-годишниот полубрат на севернокорејскиот лидер, убиен е на аеродромот во Куала Лумпур, објавува Бибиси.

48-те прашања на ФБИ

Изминатите година и пол ФБИ користи тест од 48 прашања за да утврди дали некој е терорист и колкава е веројатноста дека тој ќе изврши напад, сето тоа им е фино спакувано во анкета под назив "Индикатори за мобилизација до насилство".

Мајсторијата на советничката на Трамп

Келиен Конвеј веројатно е единствениот човек од новата американска администрација што предизвикува поголема алергиска реакција кај медиумите од самиот Трамп.

Луѓето или ќе се спојат со машините или ќе станат нерелевантни

Опасноста за човештвото доаѓа од вештачката интелигенција, ама не во форма на Терминатор, туку во неупотребливоста на човекот наспроти капацитетите на вештачката интелигенција заради што ќе мора да размислуваме за спојување со нејзе.

Трудо му го сконта илето на Трамп

Новиот претседател на САД има многу бизарен начин на ракување кој се вклопува во неговиот профил на сировина и егоманијак кој на секој начин сака да се покаже како алфа мажјак. Но, налета на младото и силно шилеже од Канада, Џастин Трудо. 

Плејбој ги враќа голите

Откако ја извади голотијата заради зголемување на рекламниот опсег, Плејбој мудро реши дека е глупо да се откаже од својот идентитет. Потег кој заслужува аплауз, само што, за аплауз требаат две раце, а Плејбој е магазин кој се чита со една.

Како маркетингот нè убедува дека имаме проблем

Влезете во продавница за козметика: сите тие варијации на течности и креми, сето тоа е последица на сто години маркетинг кампањи, кои полека измислувале еден по еден проблем и ги убедувале луѓето дека го имаат.

Мистериозното исчезнување на најголемиот скандал во Вашингтон

Луѓето што без навивање го следеа Трамп за време на кампањата забележаа дека тоа што човекот масовно произведува скандали оди само во негова корист, затоа што никој не може да го пофати што излажал, а што не. Не дека тоа што станал претседател сменило нешто кај него, намерно или ненамерно.

Лото не е за копиљаци

Најмладата британска добитничка на главната добивка на европската лотарија вели дека планира да ги тужи организaторите на играта. Ѝ го упропастиле животот што дозволиле да има толку пари на млади години. Плачеме.

Важно се апси

Минатата недела во САД уапсени се стотици нелегални имигранти во серија рации што надлежните за имиграција ги спроведоа низ 6 сојузни држави.

Струја на погон од загадување од струја

И само како концепт ова звучи брилијантно паметно: батерија што се полни од загаден воздух, не и се важни ПМ честички, важно е да има јаглерод-диоксид. А не е само концепт.

Мажи, ова научнициве ви вадат муабети

Како што стареат така расте желбата кај мажите за врски со помлади жени, од друга страна жените од најразлични возрасти немаат против да се во врска со мажи што се постари или помлади од нив, и ова е според бројки од 2015 од сајтот за лични контакти Оккјупид. Сега нова студија вика дека не е така, старите мажи не сакаат млади жени.

Шахот како екстремен спорт

28 годишниот Тимур Гареев симултано изиграл 48 партии шах. Со врзани очи. Додека возел точак.

Американската војска дозволи суканки

По подолго време ПС-от (Правила на службата) на американската војска околу изгледот на нејзините припадници малку од малку се либерализираше. На жените им е дозволено да носат дредлокс.