Младиот велемајстор од САД го постави новиот светски рекорд на оваа тема во Лас Вегас, успевајќи на слепо да изигра 48 партии (со 80% успех). За време на шаховскиот генгбенг кој траел 23 часа, Гареев цело време вртел педали на статичен велосипед, извозувајќи еквивалент на 80 километри!
Прв светски рекордер на слепи симултанки бил Мигуел Најдорф кој пред да избие Втората светска војна се нашол во Јужна Америка а се решил на тоа со надеж дека веста за неговиот подвиг ќе стигне и ќе го израдува неговото семејство кое го оставил во Полска. За жал, сите негови исчезнуваат во концентрационен логор.
Во 2011 година германскиот мајстор Марк Ланг го постави последниот рекорд со 46 партии за 21 час, но, со поинаква техника. Тој ги впишувал потезите на компјутер а мониторот му ги покажувал само последните потези на противникот. Гареев пак своите партии ги одиграл во живо, со муабети со противниците (чии гласови веројатно му помогнале во памтењето на партиите).
Новиот рекордер најавува дека ќе оди на 55 симултанки.
Гареев пред две години бил крвнички претепан за време на еден меѓународен шаховски турнир во Бразил, но, како што покажува фотографијава, притоа се здобил со повреди на невитални делови за неговата вештина.