Мајсторијата на советничката на Трамп

Келиен Конвеј веројатно е единствениот човек од новата американска администрација што предизвикува поголема алергиска реакција кај медиумите од самиот Трамп.

Не само што ја доживуваат како олицетворение на се што е погрешно кај новата постава на Трамп, таа прво го поддржуваше Тед Круз за по неговиот пораз да се префрли во кампањата на милијардерот и да стане еден од неговите главни перјаници, туку новинарите не можат да ја поднесат ни на професионално ниво.

Во периодот по изборот на Трамп, Конвеј крајно успешно се користи со секое можно средство во справување со медиумите. Арсеналот се движи од избегнување прашања и одговарање на прашања кои не и се поставени до измислување податоци (во едно интервју измисли цел масакр во САД кој не се случил).

Вокс ангажираат експерт дебатер, да ја анализира стратегијата на Конвеј. Дечкото е воодушевен од тоа што го гледа, без разлика во какви цели се користи:

 

14 февруари 2017 - 11:49