Вести

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Британија ги отпиша Британците од пазарот на труд

Британската економија создава стотици илјади нови работни места секоја година, но невработеноста на Британците сепак се зголемува поради увозот на евтина работна сила. Владите во континуитет не се грижеле за надградување на вештините, здравјето и изгледите за вработување на Британците и на тој начин го преоптовариле системот за социјална помош.

Европа се откажува од трката за ВИ

Европските влади и Брисел се повлекуваат од амбициозните намери да развијат сопствени напредни модели со вештачка интелигенција за да стекнат технолошка независност. Пресметале дека е попаметно напорите да се пренасочат кон новата политика: Европа не треба да поседува свои модели сè додека не може да ги стави во функција американските и кинеските.

Речник

Норвешката војска самата се шпионирала за Кинезите

Решавајќи логистички проблеми со транспортот на резервисти, норвешката територијална одбрана потенцијално доставила чувствителни снимки до Кина. На војници што учествувале на воени вежби им организирала превоз со изнајмени кинески автомобили со камери што снимаат сè наоколу. Членката на НАТО продолжила да ги користи дури и откако бил откриен пропустот.

Трамп турка нов мировен план за Украина

Дозволата што Трамп ѝ ја даде на Русија да извезува дизел, која го изненади Зеленски и предизвика бурни реакции од Европа, всушност е само дел од сеопфатен план за крај на војната во Украина. На Киев му се нудат безбедносни гаранции и пари за обнова на земјата, а Русија би добила енергетски проекти и долгорочен извоз на нафта и гас на европскиот пазар.

Тешко ќе може да се фати провалник со ДНК од воздух

Провалници и убијци прво мораа да ги прикриваат стапките, па отпечатоците од прстите, паднатите влакна, дури и микроскопските траги од ДНК оставени на површини на местото на злосторството. Засега не се загрозени од новите форензички методи кои овозможуваат да бидат откриени врз основа на траги од генетски материјал што го оставаат во воздухот.

Веганска борба за веганско-коректен свет

Впрегнувајќи од тоа неисцрпна моќ за перпетуум-незадоволство, веган бара забранување на стара детска песна за "човек што убива лисица".

За кое сте?

Голем број Американци се за укинување на Обамакер, системот на здравствена заштита (осигурување) кој беше воведен од, нели, Обама. Голем дел од нив се за да си го задржат осигурувањето кое го имаат преку АЦА системот. Истите тие не знаат дека Обамакер и АЦА се иста работа.

Предупредување од филозофот што пред 20 години го предвиде Трамп

Откако на Америка и се случи Трамп, полека почна да се шири и популаризира еден цитат откорнат од книга од 1998, со наслов Achieving our Country. Освен што го предвиде доаѓањето на Трамп, авторот има уште неколку предупредувања за левицата кои се уште не стигнале да станат инспиративна слика со текст, за некој сериозно да ги сфати.

Кина се вежба за WW3, за секој случај

Нови извештаи обелоденуваат загрижувачко ниво на деталност на кое кинеската армија се подготвува за евентуална војна со САД. Главното сценарио на конфликтот им е одбрана од Американците, при што на Кинезите ќе им биде најбитно прво да ја зачистат околината од американски воен хардвер.

Вашата нова шивачка се вика Гугл

Едно време беа Бурди, бележења со сапунче и шпенадли со топчиња во различни бои. Сега на ред е апликација што една недела ќе собира податоци за вас за на крај да ви го понуди идеалниот дизајн на она што треба да го облечете.

Крај на 90-годишната традиција, пропаднаа Та Неа и То Вима

550 најдобри грчки новинари прво останаа 7 месеци без плата, а сега се и без работа откако еден од главните медиумски столбови во Грција, групацијата ДОЛ, издавач на Та Неа и То Вима, прогласи стечај. Според податоците на Асошиејтед прес, Та Неа го имаше и најголемиот тираж во земјата, од околу 14.000 примероци.

Дилери, помогнете ѝ на државата

За да го спроведе новиот закон за легализирање на канабисот во медицински цели, германската влада практично ги повика дилерите да помогнат во изградбата на ефикасен систем на дистрибуција. Ок, треба да имаат и факултет.

Како да изградиш автократија

2021 година, претседателот Доналд Трамп за кратко ќе даде заклетва за својот втор мандат. 45-от претседател е видно остарен во последните 4 години. Тој силно се потпира на раката на својата ќерка Иванка за време на неговите ретки појавувања во јавноста.

Википедија го забрани Дејли мејл како „несигурен“ извор

Уредниците на онлајн-енциклопедијата одлучија да го исклучат Дејли мејл од списокот дозволени референци поради неговата „репутација за недоволно проверување факти, сензационализам и измислување“.

Рускиот хак што ги празни казината низ светот

Во јуни 2014 сметководителот на едно американско казино открива дека неколку негови слот-машини на неколку дена излуделе и дале повеќе пари отколку што предвидува софтверот. Ова е проблем затоа што машините никогаш не излудуваат. Алармирано е обезбедувањето и прегледани се снимките од „дарежливите денови“, на кои единственото сомнително нешто е еден дечко што додека игра, цело време го држи смартфонот залепен за екранот на слот-машината.

Самсунг треба на бајачка да одат

Како да не беше доволен резилот и непроценливите штети што си ги направија со телефонот Галакси Ноут 7, кој се пали или експлодира поради грешки во батеријата. Сега им изгоре и фабриката во која се правеа тие батерии. Како тоа од што им изгоре?

Импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја?

Таман се навикнавме на идејата за необразованиот сиромашен американски белец и неговата неинформираност, кои доведоа до изборот на Трамп и слични глобални зла, и ќе ти излезе образована, богата, повеќекратна конгресменка, црнкиња, и ќе ти каже - треба импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја.

Толку од искулираниот

36-годишниот Михаил Толстих а.к.а. Гиви, еден од најпрепознатливите команданти на руските сепаратисти од Доњецк, утрово е убиен во атентат.

Розов данок, или зошто женските производи се поскапи

Организација за заштита на потрошувачите од Хамбург открива случаи кога разликата во цената на идентични машки и женски производи достигнала и до 200% (на штета на жените). Слична таква организација од Њујорк открива дека жените во просек плаќаат по 7% повисоки цени за идентичен производ како машкиот.

Како изгледа во туѓиот Фејсбук балон

За да не биде дека балонот е создаден од начинот на кој медиумите пренесуваат за одреден настан, или дека за тоа се криви филтрите или алгоритмите на Фејсбук, Базфид анализира директен пренос на Фејсбук од обраќање на Трамп.

СНЛ скечот што ја раздрма Белата куќа

По речиси 20 дена непрестанати битки со медиумите портпаролот на американскиот претседател, Шон Спајсер, завршил на пеглање кај шефот за тоа како бил исмеан во еден скеч на Сатурдеј најт лајв во кој беше глумен од Мелиса Меккарти.

Хомеопатија а.к.а. „здравствена опасност“

Руската академија на науки ја обележа хомеопатијата како здравствена опасност и сега бара од руското министерство за здравје да престане со користење хомеопатска медицина во државните болници низ земјата.

Белата куќа како Фаличниот пансион

Доналд Дамб немал време да го прочита целиот извештај на неговиот наци-советник Стив Бенон пред да го послуша и да ги воведе рестрикциите за влез во земјата, но немал проблем натенане да прочита каталог од 17 страници за завеси, драперии и други битности.

Приказната за Захер тортата

Захер за Виена и за остатокот од благородниот свет е она што овде долго време беше Васина торта (пред човечката мрза да ја тронизира Нутелата), најраскошната убавина со која можете да го погалите своето непце. Иако приказната за Захер тортата е по малку горчлива, тоа на бечлии (ок, виенчанци) им донесе дупло (ок, двојно) благо.

Не е науката во право, туку сè друго е погрешно

Во расправа околу атеизмот и религијата Колбер го начекува Џервејс со: твоето потпирање на науката е само твоја верба во способноста на научниците. По ова следува една од најблескавите реплики во одбрана на атеизмот: науката постојано се докажува, земи запали ги сите книги за наука и за 1.000 години пак ќе дојдеш до истите факти. Но овој дел од изјавата на Џервејс е спорен, барем за луѓето што ја следат науката.

Казна што престанува со првата брачна ноќ

Американски судија му наредил на 19-годишен дечко да нема никаков секс, со никого, пред да се ожени. Ова му е дел од казната што силувал малолетничка.

 

Како Твитер се подели на племиња

По зборовите на основачот на Твитер, Биз Стоун, идејата, отсликана и во логото на Твитер, е дека сервисот ќе помага луѓето да се зближат. Како во недоволно добро прецизирана желба, ова им се оствари на основачите, луѓето почнаа да се собираат, ама на две спротивставени страни.

Паниката околу мобилниот на Трамп

Пред некое време пишувавме дека од ноември годинава во пакет со позицијата Претседател на САД, заедно со Белата куќа и нуклеарните шифри доаѓа и непробоен (за хакирање) Андроид изработен од Боинг, а дополнително обезбеден од американската војска. На сметка на огромна нервоза на секоја можна безбедносна структура во САД Трамп одлучи да продолжи да го користи својот Самсунг смартфон.