
Гиви загинал во експлозија на бомба во неговата канцеларија во Доњецк. Претпоставката, која се уште не е потврдена од тамошната полиција, е дека бомбата била подметната во фиксниот телефон на командантот на баталјонот „Сомали“.
Според соборците на Гиви, атентатот го извршиле украински оперативци. Дел од медиумите сметаат дека подеднакво веројатно е дека станува збор за внатрешен судир меѓу сепаратистите или дека Москва воведува ред кај паравоените сили.
Толстих се прослави за време на бруталната битка за аеродромот во Доњецк, а подоцна се појави и видео од него како малтретира заробени украински војници. Тој е роден во Доњецк, а пред војната има служено во украинската армија како командир на тенк.
Тука ѕирнете зошто „искулиран“.