Импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја?

Таман се навикнавме на идејата за необразованиот сиромашен американски белец и неговата неинформираност, кои доведоа до изборот на Трамп и слични глобални зла, и ќе ти излезе образована, богата, повеќекратна конгресменка, црнкиња, и ќе ти каже - треба импичмент на Трамп затоа што Путин ја нападна Кореја.

Максин Вотерс, која од 1991 година е член на Претставничкиот дом на САД, на прес-конференција со уште неколку демократи од Претставничкиот дом, порача дека импичментот на Трамп е неизбежен заради неговите наводни врски со Путин, додека во исто време "Путин продолжува да напредува во Кореа".

Реакцијата на Вотерс беше на прашањето зошто неколку пати побара импичмент на Трамп, кога претседателот нема истерано ни еден месец од неговиот мандат.

Инспириран од изјавата на Вотерс, новинарот на РТ сврте круг низ Менхетен да види што мислат њујорчани за руската инвазија на Кореја. Минувачите беа повеќе од загрижени за настраданите Корејци и не штедеа сочувство и симпатии за истите.

 

8 февруари 2017 - 13:53