Во експериментот, Базфид го следи лајв видеото на Фејсбук страните од два медиуми: Фокс њуз и Фјужн. Тие ги собираат сите коментари и сите реакции на двата фида за време на преносот, а ги споредуваат и коментарите од деловите од прес-конференцијата кои најчесто се споменувани и цитирани и од левите и од десните медиуми.
"Прво една важна информација: стримот на Фокс стигна до значително повеќе луѓе отколку стримот на Фјужн: Фокс њуз имаше 2,3 милиони прегледи и 15.675 шерови. Фјужн имаше 531.000 прегледи и 4.309 шерови до крајот на денот на прес-конференцијата. Само 2 до 3 проценти од двете публики избраа да коментираат или реагираат на преносот. Меѓутоа тие имаа многу различни емоционални реакции на истиот говор," пишува Чарли Варзел во текстот за Базфид.
Од публиката на ФБ страната на Фокс њуз имало 83.000 емоционални реакции (like, love, laugh, angry, sad и wow), од нив 90% биле во форма на "like" или "love", додека само 5,9% избрале гневна реакција.
Гледачите од ФБ страната на Фјужн реагирале доминантно негативно на говорот, па од 14.000 реакции, 71% биле гневни, додека само 22% имало што реагирале со "like" и "love".
Во сличен правец се развивале и коментарите под двата преноси. Најкоментиран дел од прес-конференцијата е изјавата "нација без граници не е нација, почнувајќи од денес САД ја враќа контролата врз своите граници, и си ги враќа своите граници."
Во преносот тоа изгледа вака:
"Резултатот е нешто слично како да живееш во балон во реално време, каде перцепцијата на гледачите на некој директен пренос е обоено од коментарите што ги обиколуваат.
Ова е нов проблем што е стар колку и кајронот на вестите или онлајн коментарите, меѓутоа на Фејсбук, тој е во прв ред и на централно место како никогаш до сега - а во одредени моменти и буквално испишано на видеото на гледачот. А во време кога стравот од пристрасноста на медиумите е посебно голем, тоа е силен потсетник дека на Фејсбук не постои вистински чисто, сирово видео," пишува Варзел.