Кои се поважни, Палестинците или силуваните?

Се рзбира дека прашањето и дилемата се глупави. Но, баш таков е светот во кој живееме. Студенти на престижната Лондонска школа за економија пробале да откажат дискусија за сексуалните злосторства извршени од Хамас за време на нападите од 7 октомври 2023 година. Глејте сега ова: да не се зборува за силувањата на Хамас побарале феминистките од кампусот.

Настанот се одржал со силно полициско присуство, додека про-палестинските демонстранти скандирале анти-израелски слогани пред зградата. Внатре, израелски адвокат зборувал за проблемот со сексуалното насилство поврзано со конфликти во неколку земји каде што жените биле цел на масовно силување и други видови сексуални напади.

Една од организациите што повикале на откажување на настанот било феминистичкото друштво на универзитетот (?!).

Ова не е еднократен случај: жените со легитимни и долгогодишни загрижености за сексуалното насилство одеднаш се наоѓаат етикетирани како поддржувачи на „геноцид“ затоа што бараат правда за жртвите кои се Израелци, пишува Џоан Смит.

Професорката Алис Саливан на Икс напиша дека може само да замисли како се чувствуваат еврејските колеги и студенти во врска со ваквите случувања во кампусот.

Студентите кои се регистрирале за настанот почнале да им испраќаат меилови на организаторите дека се плашат да дојдат лично и дека ќе се приклучат преку интернет.

Без никакво чувство на иронија, групите што повикувале на откажување тврдеа дека дозволувањето состанокот да се одржи „ја поткопува академската слобода“.

„Негирање на силување е вообичаено, но обидот да се спречат студентите во Велика Британија да присуствуваат на приватна дискусија за сексуално насилство во конфликт е ново дно. Тоа е пародија на универзалните идеали на феминизмот“, пишува Смит.

17 октомври 2025 - 14:21