- Грчкото собрание го усвои контроверзниот закон за труд, што им овозможува на приватните фирми да воведат „флексибилно“ 13-часовно работно време. За законот гласаа 158 пратеници од владејачката Нова демократија, против беа 108, а оние од левичарската Сириза одбија да гласаат.
- Врз одлуката на владиното мнозинство не влијаеја штрајковите на синдикатите на вработените во јавниот и во приватниот сектор, кои тврдат дека се загрозени основните права на работниците.
- „Флексибилното“ работно време во практика значи напуштање на осумчасовното работно време, распаѓање на секоја смисла на семејниот и општествениот живот и легализација на претераната експлоатација, објави синдикатот АДЕДИ.
- Владата тврди дека законот ќе им овозможи на вработените да работат по четири дена во неделата, неколку часа повеќе, за да добијат плус неработен ден. Работната недела ќе остане ограничена на 40 часа. Министерството за труд тврди дека ќе бидат заштитени од отпуштање работниците што ќе одбијат да работат прекувремено, ќе добијат поголеми бенефиции и поголема безбедност на платите.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.