Јасна е дозата на шпекулативност во ваквите вести, но сателитските снимки од воените активности на кинеската армија сугерираат дека последните ракетни тестови се фокусирани на уништување на американските носачи на авиони и аеродроми во источна Азија.
Веќе подолго време некои аналитичари тврдат дека Кинезите ги вежбаат своите балистички ракети нарачени „убијци на носачи“, а морнарицата се подготвува за одбрана на брегот, при што најверојатно би била распоредена во Јужно Кинеско Море.
Сето ова е во согласност со кинеската доктрина за „активна одбрана“, според која во проценета опасност за територијалниот суверенитет на земјата, се дава зелено светло за превентивни напади.
Досега ниеден американски претседател не ги провоцирал Кинезите и нивниот суверенитет толку како Доналд Трамп, на кого уште во кампањата тие му беа една од главните мети, а како претседател дополнително ја затегна ситуацијата со својот телефонски повик до тајванскиот претседател.
Кина веќе си грми во областа на пропагандата против САД, сериозно развива сателитски системи што би ја оневозможиле американската информативна предност на тоа поле, а работи и на изградба на системи специјализирани за одбрана од американски стелтови.
Кинескиот змеј е разбуден, а ако реши да фрла оган, тоа најверојатно ќе биде молскавично брзо превентивно чистење на американските бази и друга воена инфраструктура во Азија.