Гилијан Тет за Фајненшл тајмс пишува:
Колку се сменија времињата. Месецов оваа оптимистичка идеја беше видливо побиена: твитовите на Доналд Трамп, заедно со оние од неговите противници, предизвикаа луѓето да се разделат, а не да се соберат.
Поинтересното прашање за размислување не е само влијанието на скорашните настани, туку и поголемиот структурален тренд. Кога Стоун и неговите колеги го лансираа Твитер, корисниците навистина се сплотуваа. Ова е затоа што ги имаше релативно малку, па секој обично стигаше до истата информација.
Како и да е, како што бројноста на сервисот експлодираше, неговите корисници почнаа да се фрагментираат во самосоздадени групи. Некогаш овие разговори се преклопуваа затоа што користеа ист хаштаг. Често пати, тие речиси не беа ни споени. Пред неколку години, го интервјуирав Дик Костоло, тогашниот ЦЕО на Твитер. Тој призна дека имал многу мал увид во вкупниот обем на разговори што се случуваат на неговата платформа, затоа што фрагментацијата се интензивирала со такво темпо што е невозможно да се следи.
И ова е важно. Ако оние што ги следите на Твитер имаат меѓуродна, либерална склоност, може ќе помислите дека најголем дел Американци се гневни на неодамнешната егзекутивна наредба на Трамп за имиграцијата. Ова противење, сепак, беше прикажано на голем број ТВ-канали и весници, а да не збориме на колку твитер-фидови го имаше. Ама ако го разгледаш твитер-разговорот меѓу луѓето што го следат, да речеме Брајтбарт (крајно десничарскиот веб-сајт што го поддржува Трамп, кој беше раководен од Стив Бенон, сега главниот стратег на Белата куќа), ќе видиш дека милиони Американци ја сметаат одлуката на Трамп за комплетно разумна. Неодамнешна анкета на Куинипак универзитетот покажува дека 48% од Американците „го поддржуваат укинувањето на имиграцијата од региони склони кон тероризам“, додека 42% се против ова. Ова веројатно шокира дел од либералите - и ќе ги разгневи. Меѓутоа и симпатизерите на Трамп се чувствуваат разгневени од оваа разгневеност. Во секој случај, клучно е дека како што луѓето сè повеќе и повеќе новости добиваат од социјалните медиуми, оваа сајбер-фрагментација им олеснува на различни групи да имаат конкурентски „вистини“.
Америка секогаш била место каде различни популации и идеологии се одделени со обемни географски граници. Иронијата на нашиот свет во 21 век е што технологиите за кои Стоун се надеваше дека ќе нè поврзат - ќе ја надминат географијата - исто така ни овозможија да се поделиме на сосема нов начин.
Дали има нешто што може да направиме? Прво мора итно да ги научиме нашите деца како да размислуваат околу сајбер-гетата и да се борат со племенските поделби со исто ниво на фокус што го користиме за да ја заштитиме нашата онлајн-безбедност. Истото важи и за возрасните. Ако си на Твитер, убаво загледај кого си решил да следиш; веројатноста е дека сите тие доаѓаат од слично социјално или интелектуално племе како и ти. Ако е така, пробај да ископираш еден чекор што Костоло го користи кога раководеше со Твитер: замени половина од тие што ги следиш со други што се залагаат со радикално различни позиции. Ако веруваш во имиграција и глобализација, на пример, следи ги @BreitbartNews или @AnnCoulter или дури @realDonaldTrump; ако го сакаш американскиот претседател, следи го @ACLU, и слични. Во секој случај, направи измена.
Секако, ова само по себе нема да ги залечи поделбите. Ама може да помогне да се промовира здрав разговор. А убавината на социјалните медиуми е дека може да ни одобри да ги истражуваме позициите на другите, со леснотија за која нашите географски разделени предци не можеле ни ја да замислат. Технологијата нè фрагментираше; меѓутоа таа и понатаму има способност да создава нови врски - како што Стоун се надеваше. Или барем го прави тоа ако ние го користиме нашиот мозок кога ќе ги вклучиме телефоните. И ова важи за либералите исто како и сите останати.