Не само што научниците уште ја немаат потврдено корисноста на безглутенската исхрана за тие што се без медицински проблеми, туку најдоа и проблеми ако сам си пропишуваш ваква диета.
Во анализа на примероците крв и урина од луѓе што се на безглутенска исхрана, научниците откриваат покачени нивоа на арсен и жива. Едно од објаснувањата е дека токму ова се двете токсични супстанции што се појавуваат кај исхрана богата со ориз, храна што е природно безглутенска и која се користи како замена за најразлични глутенски состојки во храната.
До сега се знае дека изложеност на високи нивоа на жива и арсен се поврзува со ризик од кардиоваскуларни болести, ракови и невролошки проблеми.
Од Арс техника повторуваат дека студијата е многу мала, и не е јасно дали повишените нивоа се директно поврзани со исхраната на учесниците (која не била лабораториски следена), и дали тие се доволно високи за да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.
„Овие резултати индицираат дека може да има непланирани последици од безглутенската исхрана. Меѓутоа невозможно е да се изведат коректни заклучоци сè додека не се спроведат дополнителни студии за да се утврдат здравствените последици поврзани со повисоки нивоа на изложеност на арсеник и жива од безглутенската исхрана“, објаснува епидемиологот од Универзитетот Илиноис, Марија Аргос.
Едно гледиште на темата: