Вести

Шведска му се враќа на кешот

Се предвидуваше Шведска дa стане целосно безготовинска држава до 2030 година. Земјата го развиваше својот систем за мобилно плаќање, банките полека престанаа да ракуваат со готовина а касите исчезнаа од продавниците. Сè се промени кога Русија ја нападна Украина.

Вештачката интелигенција води кон техно- феудализам

Во моментов сме на прагот на инверзија: наместо да ја обликуваме технологијата, ние сме обликувани од неа. Наместо општество од родители, комшии и пријатели, би можеле да се откажеме од нашата историска меморија, нашата способност да ги одгледуваме нашите деца и способност да заработуваме за пристоен живот, сè за да служиме на мала технократска елита која и денес тешко се контролира, не па утре - задутре.

Во Јапонија плаќаат за друг да даде отказ во нивно име

Во јапонската деловна култура, давањето отказ не едноставо раскинување на деловен однос. Тоа често се доживува како навреда и предавство на довербата и очекувањата на шефовите и колегите. За да избегнат конфликт  и непријатности по таа основа, млади луѓе наоѓаат агенции кои ги плаќаат да го процесираат отказот.  

Речник

Кралот е гол ама има полицајци

Црвените линии на извесен Сајмон Бенет, лидер на британската конзервативна партија во градскиот совет на Вулверхемптон, очигледно се исцртани околу критики за модата. Бенет му нагрбачил полиција на 15-годишно момче затоа што го исмејувал неговиот стил на облекување. Малиот го апселе четворица полицајци.

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Џон Меккејн е совршената американска лага

Уште многу пред да му биде противкандидат на Обама, Меккејн ја освојува американската јавност (на двете страни) со својата неверојатна приказна како американски војник кој неколку години преживува во виетнамски затвор, и како републиканец кој го крева својот глас против републиканците.

Агонијата на работење во Њујорк тајмс

Од доаѓањето на Трамп на власт Њујорк тајмс ги живее едни од најславните моменти во својата историја. Освен што стана столб на свесноста и новинарството, Тајмс успева да собере и 130.000 нови дигитални претплатници месечно. Проблемот е што славните моменти никако да се префрлат врз внатрешното функционирање на весникот.

Обраќање до Зукерберг од работничката на Фејсбук што живее во гаража

Во нешто кое без претерани внатрешни дилеми може да се толкува како ишарет на Зукерберг кон можноста да се кандидира за претседател на САД во 2020, првиот човек на Фејсбук тргна на турнеја низ САД за да "научи за надежите и предизвиците на луѓето" низ земјата. Дел луѓето што работат во Фејсбук порачуваат - а нас да нè прашаше?

Сложни Германци дизел не ги бие

Фолксваген, Ауди, Порше, БМВ и Мерцедес во 1990-те формираат таен картел за соработка на тема заобиколување на прописите околу загадувањето од дизел, објавува Шпигел.

Зошто не можеш демократите сериозно да ги сфатиш околу Русија

Како што објаснува магазинот Политико, тие се во право околу заканата што Путин ја претставува за американската демократија. Ама грешат за речиси сè останато.

Џорџ РР Мартин мисли дека знае кога ќе биде готова книгата што тој треба да ја напише

2018 е годината во која ќе излезе шестата книга од серијалот Песна за мраз и оган а.к.а. Игра на тронови, барем така вика Џорџ РР Мартин и овој пат е сигурно, скоро, ако ништо друго барем најверојатно.

Микрософт го гаси Пеинт

Над 3 децении стариот артефакт од првите денови на Виндоус се најде на списокот елементи на Виндоус 10 кои или ќе бидат отстранети или повеќе нема да бидат развивани.

Крајот на џиновите?

Гугл собира 77% од парите за реклами во резултатите од пребарување. Гугл и Фејсбук контролираат 56% од пазарот на реклами на мобилни уреди. На Амазон отпаѓа 70% од целата продажба на е-книги и 30% од е-трговијата во САД. Низ Фејсбук минуваат 75% од сите инстант пораки, кога ќе се собере сообраќајот на ФБ месинџерот, Вотсап и Инстаграм пораките.

Британија очи во очи со брегзит

Сите верзии на брегзит (тврд / мек) имаат свои негативни страни и сепак лидерите на Британија не можат да признаат дека напуштањето ќе значи и правење компромиси, а не па колку ќе бидат тие штетни, се порачува во текстот на Економист.

Во 2016 драматично паднал бројот на христијани во Германија

Како што бројот на католици и протестанти во Германија продолжува да се намалува, според Евангелистичката црква на Германија земјата 2016 ја завршила со стотици илјади христијани помалку, пишува Ди Цајт.

Словенечко-хрватска битка за името

Словенија ќе ја тужи Европската Унија затоа што ѝ дозволила на Хрватска да продава вино под име кое тие го имаат заштитено.  Има само еден теран и тој е словенечки, ќе крикнаат оние кои ни го украдоа ајварот.

Роботите почнале да си муабетат

АИ програми на Фејсбук спонтано развиле јазик со кој си муабетеле меѓусобно. Точно е дека ова би била суперкорисна технологија, ама шубе некако. 

Не победи капитализмот туку кронизмот

Кронизмот е царување на оние фирми кои имаат дебели врски со политиката и без кои, во атмосфера на слободна пазарна конкуренција, брзо би рикнале. Се чини дека по добивањето на смртниот удар, поразениот комунизам успеа да го инфицира победникот со вирусот на „врските“ кои и ја уништија неговата кондиција.   

Пентагон: Американската империја колабира!

Во еден алармантен повик за будење на своите политички шефови, воената каста во Америка, преку Пентагон предупредува дека доаѓа крај на американската доминација во светот. Интересно е што опасноста веќе не се гледа само во растот на традиционалните непријатели (Русија, Кина, Иран, Северна Кореја) туку и во реалната можност арапската пролет да затропа на погрешна врата.  

Англиска јагма по ирски пасоши

Слично како во случајот со Македонците и бугарските пасоши, после Брегзит многу Англичани одеднаш се сетија на своите ирски корени и фатија да ги бараат изводите за раѓање на своите баби и пра-дедовци. Тролање од Гардијан.

Преку застапеност, погача

Новиот филм на Кристофер Нолан за битката кај Данкерк според УСА тудеј кинематографски е сосема во ред, ама човечки е крајно некоретен. Во филмот за една од најголемите битки на британската армија во Втората светска војна да ти немало жени и глумци што не се белци.

Да речеме дека Трамп освои втор мандат

Иако е премногу далеку и е малку веројатно, ваквата замисла неодоливо потсетува на средината на 2015, кога Трамп прв пат објави дека се кандидира за претседател, а и левите и десните се спрдачеа со него и замислуваа како би изгледала таа Америка чиј претседател е поранешен водител на реално шоу и сеопфатен кловн.

Збогум на 3-часовната пауза за ручек

Нам ни изгледа како дел од работничкиот рај што отсекогаш сме го посакувале, таму пак сè помасовно се доживува како непотребно губење време на работниците. Резултат, за некоја година и ние и тие во минато време ќе зборуваме за сиестата.

Russia Today извади штосна кампања

Медиумот си поигра со својата озлогласеност на Запад каде се смета за ударна тупаница на руската пропаганда и дежурен виновник за медиумската конфузија па извади слогани од типот: „Изгубивте избори? Пропуштивте авион? Обвинете нè нас!“

Летен камп за млади: Голи Оток

Еден од најозлогласените затвори во Европа по Втората светска војна, во кој буквално коските ги оставаат неброени противници и неистомисленици на тогашните југословенски власти, партија и идеологија, стана туристички камп за млади.

Колку урина има во базенот?

Хемичари од Универзитетот во Алберта конечно утврдиле доверлив метод како да пресметаат колку човечка урина има во некој базен. Нема да ви се допадне она што сега ќе го прочитате: колку ви е послатка водата....

Сафари низ сиромаштија

Неодамна во Белград агенција понуди тура во која туристите можат да "запознаат Цигани" и ако сакаат со нив да собираат старо железо. За кратко време понудата беше повлечена, и не заради немање интерес од западните туристи.

Со килавото новинарство се претера

Американска новинарска се направи предмет на масовен подсмев откако разгласи дека го тужи Трамп затоа што на неговиот личен (повторуваме: личен) Твитер, против неа го употребил едно од најкорисните копчиња таму - да блокираш некого и да го скинеш од својот радар (па нека си смрди во свој двор). Причината ѝ е глупа, објаснувањето неподносливо. Конечно и ние потполно да го разбереме златокосиот.

Како мермерните споменици ја направија човековата историја бела

Ниту спомениците, ниту животот во времето кога тие се создадени, не се ни приближно минималистички како што изгледаат денес. И ова не би било многу проблем, кога истото тоа белило не би се користело низ историјата како аргумент за доминантноста на белецот, а подоцна и за етничката чистотата на античките општества.