Британија очи во очи со брегзит

Сите верзии на брегзит (тврд / мек) имаат свои негативни страни и сепак лидерите на Британија не можат да признаат дека напуштањето ќе значи и правење компромиси, а не па колку ќе бидат тие штетни, се порачува во текстот на Економист.

Процената на Економист е колку повеќе британските лидери се прават наудрени кон штетата што ќе следува со брегзит, толку побрутално ќе биде соочувањето со реалноста.

"Во 13-те месеци по референдумот, стана јасна извонредната комплексност на ставање крај на 44-годишната политичка и економска унија. Позицијата на Британија на сè од резерви на риба до нуклеарен отпад се разработува од јавна служба чиј број на вработени во изминатата деценија е намален за речиси една четвртина и која нема преговарано ниту еден трговски договор," се забележува во текстот.

Од британска страна брегзит треба да го истераат неколку различни оддели, кои или се борат кој да зграби поголем дел од работата или за да откачат некое од задолженијата.

"Првичната одлука на Британија да не ја објавува својата детална позиција, како што тоа го направи ЕУ, беше објаснета со желбата на Британија да не ги открива своите карти.

Денес изгледа дека Британија ги започна преговорите за напуштање на Унијата пред воопшто да ја утврди сопствената позиција. Пред референдумот Мајк Гов, водечкиот брегзитер во британската влада, предвиде дека 'денот кога ние ќе изгласаме заминување, ќе ги имаме сите карти во наши раце.' За сега не изгледа така. До сега, секаде каде што имаше несогласување Британија попушти.

Разговорите ќе бидат водени по агендата предложена од ЕУ. Британија прифати дека ќе ја плати сметката за напуштање, наспроти пораката од нејзиниот министер за надворешни работи дека еврократите ќе можат да "одат да свиркаат" за своите пари," објаснува Економист.

Во исто време премиерката се најде во ситуација да и "подава рака" на опозиција која по успехот на последните општи избор повеќе е заинтересирана за нови предвремени избори отколку за соработка. Паралелно со ова членови на владата на Меј отворено не се согласуваат со начинот и формата на која треба да се изведе брегзит.

"Меѓутоа има недостаток на реализам на сите страни за ограничените опции што ги има Британија. Постојат многу начини да се напушти ЕУ, и ниту еден од нив не е без проблеми.

Колку повеќе Британија цели кон зачувување на економскиот однос со континентот, толку повеќе треба да ги следи правилата поставени од странските политичари и спроведувани од странските судии. Колку повеќе контрола бара врз своите граници и закони, толку потешко ќе биде за нејзе да соработува со својот најголем базар.

Непатриотски е да се биде искрен околу овие компромиси. Меѓутоа, уште понепатриотски е да се залажуваат гласачите дека брегзит ќе нема никакви негативни страни," порачува Економист.

Џонатан Пај околу британската премиерка:

 

24 јули 2017 - 12:28