Таг: Џонатан Пај

Џонатан Пај се збогуваше со Борис

„Начинот на кој тој (Борис) си замина треба да ти каже сè за него, никакво достоинство, само очај и илузии, и деспотскa наклонетост за задржување на власт без разлика на штетата за нашата држава.“ И ова е само за вовед.

Секој еден збор да се слуша со исклучително внимание

„Ви текнува кога овие пуритански, арогантни, цензорски напади на комедијата беа позицијата на читателите на Дејли меил? Е сега ние сме тие, Гардијан, Индепендент, Си-ен-ен,“ плус уште неколку клучни работи што Џонатан Пај има да сподели со вас околу монеталната состојба на комедијата и ловот на неподобни комичари. И да се ислуша човекот до крај со идентична посветеност.

Џонатан Пај: Сами сте криви ако Трамп победи во 2020

Меѓу останатите работи што ги кажува Пај, една важи за речиси секоја ситуација: „Деновиве има голем број луѓе кои изгледа како да веруваат дека со тоа што нема да дозволат некое мислење да биде емитувано, некако ќе успеат да го искоренат тоа мислење. Не го искоренуваат, само го потиснува, а тоа создава презир.“

Свадба за сеир од бајките

Дај да видиме како освртот на кралската свадба беше направен без да се спомне расизам и слични сегменти, и наместо тоа да се вози на чистокрвно британско нетрпение кон кралското семејство.

Брегзит проблемот

Преговорите за брегзит официјално започнаа на 19 јуни 2017, речиси една година по референдумот со кој се побара отцепувањето на Британија од ЕУ. За Британците проблемот не е веќе кој за што гласал, туку како може тој што напињал за заминување од ЕУ да нема блага претстава како да се случи тоа.

Британија очи во очи со брегзит

Сите верзии на брегзит (тврд / мек) имаат свои негативни страни и сепак лидерите на Британија не можат да признаат дека напуштањето ќе значи и правење компромиси, а не па колку ќе бидат тие штетни, се порачува во текстот на Економист.

Популизам

"Кога луѓето гласаат како што ние сакаме тогаш е демократија, кога не тогаш е популизам" гласи апдејтот на дефиницијата за популизам од Џонатан Пај, па после продолжува околу изборите во Франција и популизмот и светот и луѓето и...

Маршот во брегзит

Прво освести се каде си, второ освести се дека не може да ја напуштиш Европа, туку само ЕУ, трето освести се дека не си заминуваш од рајот на Земјата, четврто не е страшно што си одиме од ЕУ, страшно е кој нè води, петто и последно - не марширај против резултат, ако си гласал на референдум тоа подразбира дека се волен да ги прифатиш резултатите од него. Џонатан Пај за почетокот на брегзит и непомирливоста со истиот.

Рецензија на вестите во 2016

Имате две, една кратка, една долга. Двете се на Британци. Првата е на терминално бесниот Џонатан Пај, втората е на снајперски прецизниот Чарли Брукер. Уживајте во ревизијата на светот во 2016.

Што и да се реши деновиве, ова пак ќе важи

"Попрво би да имам демократија што не секогаш оди во моја корист, отколку да немам каква било демократија," порачува Џонатан Пај за брегзит и Трамп, и потоа ги имате најдобрите две и кусур минути предавање за демократијата и сè што сте заборавиле околу неа.

Кога камерите ќе стивнат

И БиСиСи, и Руперт Мердок, и тој колегата во студио, ма сите... Џонатан Пај со обраќање до сите овие, за најголемиот страв на секој репортер, за пропаста на БиБиСи и британското општество и сè по ред.