Организаторот на кампот, здружението Магис, својата идеја ја објаснува како свој придонес кон тоа „Голи Оток да стане трајно место на сеќавања на бесмисленоста и опасноста од тоталитаристичките идеологии, но и да се поттикнува простување“.
Годинава на островот се одвиваат три програми: работно-еколошки камп, историско-политиколошка школа и духовни вежби. Кампот почнува со работење кон крајот на јуни и ќе трае до 30 јули. Во овој период организаторот очекува околу 80 гости.
„Во принцип тоа се групи млади луѓе што доаѓаат во кампот на седум дена. Спиеме во Жица, над мензата и кујната, каде што се спалните, кои ги исчистивме. Некои од нив уште имаа паркет, а спиеме на душеци на надувување или на вреќи за спиење во одвоени машки и женски соби.
Во Жица се наоѓаа бараките за спиење, односно павилјони, менза, пекарница, котларница, пералница за алишта и магацин за храна. Наоколу се наоѓаат стражарските места со рефлектори, па осудениците биле под постојан строг надзор“, објаснува раководителот на кампот Стјепан Штивиќ.