Стажот како воен затвореник и критикувањето на своите, го прави Меккејн привлечен за оние што сакаат да покажат дека можат да гласаат за републиканец, кога ќе има добар републиканец за гласање. Од 2000-та па низ остатокот од веков, Меккејн ја тера улогата на "добриот конзервативец", републиканец сакан од меинстрим медиумите, кој се појавува во СНЛ, ток-шоуа и комични серии.
Приказната за Меккејн стигнува до 25-ти јули 2017, денот кога мнозински републиканскиот Сенат на САД треба да гласа за уште еден чекор кој ќе ги приближи до конечното растурање на Обамакеар, законот за здравствена заштита на претходниот претседател, со чие укинување милиони луѓе ќе останат без осигурување а здравството ќе стане сериозно поскапо. И покрај ноншалантноста кон партиските насоки, кај Џон Меккејн вчера сепак воскреснува послушноста кон партијата и гласа како и останатите републиканци.
"Тој не ја направи правилната работа. Тој не беше ни на 500 метри од правилната работа. Изминатите две децении тој никогаш ја нема направено правилната работа. Тој е измама. Всушност, токму 'фините' републиканци како Меккејн се оние што им даваат закрила на злите свињи како Мич Мекконел (предлагачот на новиот закон за здравствена заштита), и им дозволуваат да ја уништат американската безбедносна мрежа и да ги поебат сите што не живеат зад железни порти," пишува Дру Магари.
Гневноста на Магари е затоа што Меккејн само што гласаше за преминување на следен чекор во носењето на новиот закон за здравствена заштита (и поништување на Обамакеар), кога излезе на говорницата во Сенатот и од таму порача дека никогаш не би гласал за новиот предлог закон во оваа форма, само дал глас за да се продолжи со неговото разгледување.
"Ова е моментот кога нагласувам дека Меккејн има рак на мозокот и најверојатно е пред умирање. И иако не би му посакал рак на мозок ниту на мојот најголем непријател, болеста на Меккејн не треба да биде некој магичен штит што го амнестира од соучество - не, чекај, водење - на републиканска партија чиј апетит за дрска монструозното расте од ден на ден.
А и покрај тоа имаше демократи од Сенатот кои го поздравија нашиот човек откако тој толку отворено ги сјеба нивните гласачи, затоа што демократите радо би ставиле на страна и разлики со Годзила во име на отменост.
Ова е одвратно. Џон Меккејн никогаш не бил ничиј бел витез. Ова е човекот кој ја започна ерата на кандидатури на тролови со тоа што ја избра Сара Палин за свој кандидат за потпретседател. Ова е човекот кој потклекна пред Доналд Трамп и покрај тоа што Трамп беше доволно дрзок за да го исмејува неговото време минато како воен затвореник. Ова е човекот кој целата своја кариера ја мина глумејќи дека лошите републиканци го присилуваат да биде согласен со нивните зли постапки додека гласаше за истите. Тој не е колеблив републиканец. Тој е гомнар како и сите тие.
Двојната илузија за двопартиски и пристоен човек секогаш даваше добра заштита од секој што изгледа волен да ги игнорира непријателските нееднаквости на американската политичка инфраструктура и на републиканската жед за суровост.
Сите треба да сфатат дека Џон Меккејн е совршената американска лага, човек кој се претставува дека е благороден и фер и праведен, додека не е ни една од тие работи. Тој и има достоинствено служено на својата земја во борба, и на ниту едно друго поле.
И тој го отслужува своето време во Сенатот, и тука на планетата Земја, како патетичен овозможувач. Никогаш лав; секогаш овца. 17 години, наивни луѓе чекаа тој да го покаже другиот образ, да направи некој грандиозен потег во име на Господ и САД. Ама тоа отсекогаш беше само паметно брендирање од негова страна, и денешните случувања треба да послужат како студен шамар во лицето на секој кој се уште мисли дека во него има останато политичка храброст. Тој е срам," го завршува Магари својот текст за Меккејн.