По доаѓање на базен ни се случуваат две работи: прво во нос нè удира оној мирис на хлор, кој во ноздри го носиме уште од најраните години. Втората работа е од нешто подоцна, кога сме почнале да се прашуваме колку ли луѓе ќутенката се имаат испразнето во тој базен.
Оној мирис не ќе е само хлор. Во таа мирисна компoзиција удел имаат разно-разни хемиски соединенија што хлорот ги прави со човечките течности како потта, телесните масла и урината.
Второво досега беше невозможно да се измери, сè додека научниците од Алберта не дошле до досетливо решение: преку вештачките засладувачи што се исфрлаат со мочањето. Тие може да бидат сигурен индикатор колку урина има во базенот бидејќи се дизајнирани да проаѓаат негибнати низ нашето тело а и во базенската вода лесно не се раствораат.
Работеле со еден од најкористените и најуниверзални вештачки засладувачи кои ги користи прехрамбената индустрија, ацесулфам К, кој го има не само во слатки туку и во јогурти и супи, а се користи од САД па до Кина.
Според нивните мерења по отворени базени, хотелски базени и други рекреативни капацитети во два канадски града, испаѓа дека во еден комерцијален базен со капацитет од 800.000 литри вода, во просек има 80 литри се урина. Јес да е тоа само стотинка од процент ама сепак, 80 литри. Во домашен базен од 6 на 12 метри, со просечна длабочина од 1,5 метри, имало околу 7,5 литри урина.
На тема колку опасни соединенија можат да испаднат од средбата на хлорот со урината можете да се плашите овде.