Словенија најави дека ќе подигне тужба против Европската комисија затоа што ѝ овозможила на соседна Хрватска да го користи името теран за некои од своите истарски вина.
Теранот уживаше ексклузивен словенечки статус уште од приклучувањето на земјата во ЕУ во 2004 година. Но, во мај годинава Комисијата усвои амандман со која и на Хрватите им се дозволи под подредени услови да го користат овој вински бренд.
Словенија сега потсетува дека ваков исклучок воопшто не бил спомнуван за време на претприемните преговори со Хрватска која во Унијата влезе во 2013 година.
Дополнително, Словенците се жалат дека Хрватска упорно ја повредува водената граница меѓу двете држави кај пиранскиот залив, граница за која арбитражниот хашки суд минатиот месец донесе одлука во полза на словенечките толкувања на спорот.