Мартин ги информира своите фанови дека иако не е готов со Ветриштата на зимата (насловот на шестата книга), му фалат уште неколку месеци за да ја комплетира.
На својот блог пишувајќи за некои скорешни гласини, Мартин објаснува:
"Не знам која приказна е поапсурдна - таа што вели дека книгата е готова и јас не ја давам од некакви зли побуди, или таа дека немам напишано ниту една страна.
И двете се подеднакво погрешни и моронски."
Тој откри дека планира објавување на две книги посветени на историјата на Таргариен кралевите, Оган и крв. Во првата ќе биде покриена историјата на Вестерос од Пристигнувањето на Егон до владеењето на Егон Трети (Драгонбејн). Оваа книга е речиси завршена и планирано е да биде објавена кон крајот на 2018 или почетокот на 2019.
Втората книга од историјата ќе го покрие периодот од Егон Трети до бунтот на Роберт Баратеон, и оваа книга во најголем дел не е напишана, и за нејзе ќе треба уште неколку години.
"Во овој момент тешко е да се каже дали Ветровите или првиот дел од Оган и крв ќе стигне прва во книжарниците, меѓутоа мислам дека во 2018 ќе имате нова книга за Вестерос од мене... а којзнае, можеби и две. Дете смее да сонува," пишува Мартин.
Авторот работи на Ветриштата од 2011-та кога ја заврши 5-та книга од серијалот, Танц со змејови.
Оваа изјава е речиси идентична на она што Мартин го кажа на почетокот од 2016, кога порача дека има напишано стотици страни и десетици заглавија од Ветриштата на зимата, "ама остана уште многу да се пишува, ќе ми требаат уште неколку месеци."