Вести

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Речник

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Скоро еден милион Англичани откажале ТВ претплата

860.000 граѓани на Велика Британија решиле да откажат претплата за радиодифузна такса. Најкраткото објаснување за ова гласи: Нетфликс. 

Како се позлати портпаролот на Путин?

Дмитри Песков со години е јавен службеник на позиција портпарол на Путин. Додека тој 'рмба во администрација неговата сопруга Татиана Навка успеа да развие империја за недвижности вредна над 10 милиони долари, барем за толку се знае.

Роденден, мала (и домашна) забава

Од рикошет на една вест на ББЦ дознаваме за таџикистански закон кој би можел да нè поштеди од оние инста чалами за тоа кој каде бил за роденден и колку тоа било прејако. Роденден ти е? Викај гости дома. Марјан џабе ли онолку возеше за да се дом'кне до кај неа?

Вуди Ален го тужи Амазон за 68 милиони долари

Двете страни се договараат и снимаат филм, некаде пред премиерата во приказната се вмешува #MeToo со стандардна издржаност на обвиненијата, па целиот проект е ставен на пауза.

Закерберг пропуштил шанса да има сопствен Мекдоналдс наместо да се мачи со Фејсбук

Пред да запише колеџ, Марк Закерберг добива понуда од својот татко Едвард, да бира дали сака да оди на Харвард или сака да води сопствен Мекдоналдс по франшиза.

Популистот Макрон

Емануел Макрон не е среќен човек. Популарноста на францускиот претседател е толку ниско падната што неговиот американски колега, Доналд Трамп, во споредба со него изгледа како рок ѕвезда.

САД почнаа да купуваат израелски одбранбени системи, за не дај Боже

Во соопштение кое се толкува како де-факто признание дека американските одбранбени ракетни системи Патриот не работат како што треба, американската армија објави дека го купува Железна купола системот од Израел.

Колумбо нè олади, доцна е за втор

Да речеме, ги убиваш Французите за цела територија на Франција да ти остане на располагање за пошумување. Новата вегетација шмука CO2 од атмосферата па климата се лади. Победа?

Некој треба да им ги викне Амнести интернешнл на Амнести интернешнл

Истрагата во Амнести интернешнл открива токсична работна култура составена од силеџии, јавно понижување, дискриминација и злоупотреба на моќ, појави против кои оваа организација активно се бори вон своите канцелариски простории.

Пропустот на кој програмер извади над милион долари на банкомати

Незадоволен вработен во банка, инаку програмер, открива клучна мана во системот со која може да вади бесплатни пари од банкомат. И ја користи.

Папата пред предизвик од милион долари за Велигден да го пости православно

Парите ги даваат активисти за заштита на животната средина, а за да ги добие Папата би требало годинешните велигденски пости да ги истера вегански, што би му дошло по православно мени, и тоа без зејтин.

Како тинејџерки мислат дека треба да изгледаат за на Инстаграм

Фотограф ангажира 15 тинејџери на возраст од 13 до 19 години, ги фотографира и има ги дава сликите да ги уредат колку што мислат дека треба пред да ги објават на Инстаграм или кој и е да е друг социјален медиум.

Марихуана вс. квалитет на сперма

Лоша вест: Харвард решава да го истражи влијанието што марихуаната го има врз спермата. Добра вест: нема лоша вест.

Нека му е лесен пасворд

"Менувачница" на криптовалута соопшти дека не може да исплати 190 милиони долари на нејзините клиенти. Затоа што сопственикот починал. И со себе во гроб ги однел лозинките.

Ако не сакаш „фејк њуз“, плати за вистински

Како и секоја новинарска мака последнава деценија и на оваа корените и се во Гугл и Фејсбук, поточно во нивните деспотски алгоритми кои со една најмала измена можат да те преплават со посетители или целосно да ти ги секнат истите. Од другата страна на шалтерот ова се одразува како нивна способност да изберат кои вести на кои корисници ќе им бидат послужени, а кои ќе бидат тргнати на страна.

Безос до гуша во ќар од владеењето на Трамп

Првиот човек на Амазон, Џеф Безос, е еден од најголемите бизнис душмани на првиот човек на САД, Доналд Трамп, а и покрај тоа овие две години од мандатот на вториов се најпрофитабилни во кариерата на првиот.

Лагата метастазира побрзо од ракот

Доволно е едикојси научник лежерно да нафрли неодговорна проценка, тоа да го грабнат неколку медиуми (има ли појак наслов за лајкови од „За една година ќе имаме лек за рак!“), а колективната амнезија да се погрижи да имаме чувство дека сево ова ни е првпат. 

Абортусот од рајот е излезен

Без да натураме решенија, подеднаква превенција од проблемов што го имаат родителите на 27-годишниов Индиец е мастурбација или контрацепција.

Концерт во Фортнајт

Ја убија дилемата да се седи дома или да се отиде на некој концерт. Последниов викенд, музичарот Маршмело одржа концерт во моментално најпопуларната видео игра на светот, Фортнајт. Хмм музичар, хмм концерт.

Од биткоин во празно

По последните пресметки вредноста на биткоинот е пониска отколку трошокот за негово копање. Во основа сега копањето биткоин се исплати само ако на диво земаш струја од бандера, или ако некој реши да ти ја плати сметката за струја.

Деца лоших родитеља

Тинејџери израснати со анти-ваксер родители стравувајќи од сите можни заболувања почнаа по интернет форуми да бараат помош како тајно да се вакцинираат, објавува Салун.

Четврти пензионерски столб: Затвор

Кога некој од постарите порано во маало ќе ти рогне фудбал или ќе ти стегне ластик, го прифаќаш тоа како некоја природна ситуација па се тешиш дека и ти еден ден ќе бидеш од постарите, ќе има помали....Само што, кога ќе дојдат новите помали, може да те изненади тоа што тие сега се со ножеви и пиштоли и главно се лутат ако им ја рогнеш дрогата. Нешто слично, во Јапонија.

Рутгер Брегман, историчарот меѓу економистите во Давос

Потребно е историчари да излезат на телевизија и да објаснат што се случува, затоа што кога беше економската криза само економисти беа интервјуирани на ТВ, а ова се токму истите луѓе кои не видоа дека кризата надоаѓа, порачува историчарот кој направи организаторите на Светскиот економски форум да се пишман што воопшто го поканија.

Како сипаниците убиваат 100.000 деца годишно?

Вашингтон е последно од неочекуваните места во кое надлежните прогласија епидемија на сипаници. Нашиве антиваксери последниот пат се бунеа дека овде била прогласена епидемија од премал број случаи. На Вашингтон од 7,2 милиони луѓе им беа доволни 30-тина случаи да го сторат истото.