Песков и Навка прават свадба во 2015 во Сочи. Навка е освојувач на златен медал во уметничко лизгање за Русија на зимската Олимпијада во 2006. Иако се пријавени на околу 10 милиони, истрагата спроведена од Досиер центар и Гардијан, наведува на тоа дека тие имаат далеку поголем имот.
Портпаролот на Путин им е на пик на медиумите и критичарите, уште од времето на свадбата со Навка, каде тој е забележан како носи часовник од 620.000 долари (Richard Mille RM 52-01) од кој се произведени само 30 примероци. Тогаш тој изјави дека часовникот му е подарок од сопругата.
Тема на истрагата е куќа во една од најексклузивните населби во околината на Москва, која во 2012 беше понудена на продажба за 15,6 милиони долари, а Навка ја купува во 2014 со попуст од над 50% за нешто над 7 милиони долари.
По оваа куќа, Навка ја добива работата да ја гради палатата на тајкунот Арас Агларов исто така во едно од ексклузивните предградија на Москва. Агларов во март 2018 го одобрува предлогот.
Од сопствен имот Навка на свое име има стан во Москва во Јакаминка, чија вредност изнесува 4 милиони долари, и и е подарок од државата за нејзините спортски успеси. Станот се уште е во фаза на реновирање.
Таа има стан и во Московското предградие Полјанка во вредност од 2 милиона долари, а во 2015 добива на 49-годишен лизинг објект од московските градски власти. Објектот треба да биде пренаменет во лизгалиште на мраз и спортска сала.
Она што е малку проблематично во целата истрага, и што Гардијан се чувствува должен да го истакне е дека Досиер центар е финансиран од Ходорковски, пребегнатиот руски милијардер и критичар на Путин.