Во последните 20 години, бројот на криминални дела направени од пензионери се има зголемено за 500%. Повеќето од нив се вртат кон криминалот откако ќе им заврши работниот век и ќе отидат во пензија, кога сфаќаат дека јапонското општество, некогаш познато по култот кон старите лица, во меѓувреме толку се има променето што е посебно немилосрдно токму за најстарите.
Никој не им се јавува а и пензијата не стига.
„Отидов во пензија и сфатив дека немам пари. Ми падна на памет дека би можел да жживеам без пари ако ме уапсат“ вели 69 годишниот Тошио Таката.
Украл нешто банално, седнал на точак и се пријавил во полиција. Благодарејќи на драконските казни за мали престапи, ќарил една година дена зад решетки, со платено јадење, сместување и здравствени услуги. Бидејќи проблемот останал ист и откако излегол, нашол група жени во парк, извадил нож и почнал гласно да се заканува. Не планирал никого да повреди, само се надевал дека некоја од нив ќе го пријави во полиција, што, се покажало како точно. Заработил уште две години и сега е во затвор но се надева дека со оглед на тоа што пензијата во меѓувреме редовно му стигнува, кога ќе излезе надвор ќе има доволна сума за нов старт на пензионерските денови па нема да мора пак да се прави криминалец.
Ваквата негова приказна е дел од поширок тренд: статистиките покажале дека една третина од сите затворени пензионери, зад решетки се нашле повеќе од пет пати.
За сендвич од едно ипол евро во Јапонија може да се заработи затвор од година дена. Таа година дена, за еден човек, државата ја чини 600.000 долари.
Во последно време јапонските затвори сè почесто се реновираат: се додаваат гелендери, се прават посебни тоалети и генерално се прилагодуваат на нивната сè побројна популација.