Резултатите од студијата се дека мажите кои имаат запалено еден до два џоинта во својот живот, имаат значително поголем број и концентрација на сперматозоиди од оние кои никогаш во живот немаат пушено марихуана. Кај „понапредните“ корисници било забележано поголемо присуство на тестостерон.
Резултатите ги изненадуваат и истражувачите од Харвард, кои пред почетокот на студијата имаат хипотеза дека пушењето марихуана го намалува бројот на сперматозоиди.
Во својата студија тие анализираат над 650 мажи кои во период од 10 години во Клиниката за плодност во Масачусетс оставиле вкупно 1.143 примероци сперма. При секое оставање примерок тие пополнуваат и обилна анкета.
Научниците имаат две можни објаснувања за резултатите:
Прво, ретката употреба на марихуана може да има бенефит за создавањето сперма заради своето влијание врз ендонакабинодиниот систем за кој се знае дека игра улога во плодноста, меѓутоа неговите бенефити се губат при повисока консумација на марихуана.
Второ, дека мажите со повисоки нивоа на тестостерон е поверојатно да практикуваат ризични активности, вклучително и марихуана.
Студијата никако не треба да се смета за препорака за пушење џоинти, бидејќи таа не истражува какви други последици може тоа да остави, на пример како влијае на генетската експресија на спермата. Една од слабостите на студијата, а со тоа и на нејзините резултати, е дека најголемиот дел од испитаниците биле белци, со универзитетско образование, кои не пушат цигари. Плус на ова треба да се земе предвид дека студијата го опфаќа периодот од 2007 до 2017 кога марихуаната е нелегална во САД па е можно испитаниците да лажеле на своите анкети.