Бројката на откажани тв претплати во 2017/18 е за повеќе од 60.000 поголема од онаа од 2016/17.
Истовремено, Би Би Биси најави дека ќе се покачува претплатата, од 150 на 154 фунти годишно. Се бунат само пензионерите и нивните организации, другиве откажуваат, со интензитет од 2.300 откажувања на ден
Не дека Би Би Си нема аргументи за тоа што го наплаќа:
„Новиот износ на лиценцата е еднаков на 2,97 фунти неделно односно 12,87 фунти месечно со кои Би Би Си овозможува девет национални ТВ канали плус регионална телевизиска програма, 10 национални радио станици, 40 локални радио станици плус специјализирани радио канали, еден од најпопуларните веб сајтови во земјата, радио апликација и видео плеер,“ велат во соопштението.
Базичниот Нетфликс пакет во Англија е 5,99 фунти односно 72 фунти годишно, двојно поевтино од државната радиодифузна такса.
Кај нас сето тоа тоа отиде да се алиментира преку буџет (а истите пари ги плаќаме), јер на наш човек така му е полесно да проголта како му се трошат парите. И плус протестите на Стојанче драстично го зголемија квалитетот на националниот сервис па сега е блажена штама на таа тема.
Види и: