Позната таџикистанска поп пејачка е казнета со 530 долари во нивна валута за прекршување на законот за славење, традиции и обичаи откако на Инстаграм споделила видео од славењето на својот роденден, каде таа и нејзините пријатели настапуваат на некоја клубска сцена.
Членот 8 од тој закон забранува славење надвор од дома. Точка.
Обвинителот потсетил дека тиe рестрикции се во интерес на граѓаните, за да можат повеќе пари да потрошат на потребите на семејството и блиските отколку со нив да се расфрлаат наоколу.
Законот чија намера била да се штити „автохтоноста“ на животниот стил и обичаи е донесен во 2007-ма а 10 години бил проширен и надграден со конкретни правила за свадби, погреби и родендени. Притоа се воведени стриктни лимити за тоа колку гости и порции може да има одреден приватен настан а се забранува и колење животни за прослава.
Во 2018 година вкупно 648 граѓани биле репнати по овие основи на име на што државата собрала 325.000 долари казни.
Славењето роденден дома е пасент компатибилно и со овдешните подзаборавени обичаи на што потсетува еден од најкултните македонски спотови на сите времиња: