Трамп до сега на Безос му се закани со анти-монополска истрага, зголемување на данокот, поскапување на цената на испорака (во САД пакетите ги испорачува американската пошта, а цената на Амазон е субвенционирана од државата), плус го нападна Вашингтон пост на Безос нарекувајќи го измама, а како човек кој три пати е женет стигна и да го исмејува Безос дека ќе се разведува.
Додека ова се случува по Твитер и прес-конференции, во сметководство кај Безос пресметките покажуваат дека во овие две години богатството на првиот човек на Амазон е зголемено за 66,8 милијарди долари. Втор на списокот богаташи кои во овие две години додале најмногу на своето конто е Ворен Бафет, со дополнителни 19,2 милијарди долари за овој период.
На денот на инаугурација на Трамп, богатството на Безос изнесуваше 64 милијарди долари. Речиси целиот раст доаѓа од уделот на Безос во Амазон.
И покрај нетрпението меѓу двете страни, Амазон моментално работи на продавање на својот софтвер за препознавање лица на Агенцијата за имиграција и царина, а Пентагон му додели на Амазон договор од 10 милијарди долари за користење на нивниот облак.
За време на половина од мандатот на Трамп, Безос успеа да ги претрка и стандардните досегашни тешкаши како Бил Гејтс и Ворен Бафет, и моментално неговото богатство е за една третина повисоко од она на основачот на Микрософт.
Една друга пресметка вели, дека дури и Безос во разводот да треба половина од своето богатство да и го даде на својата сопруга, на крај тој ќе остане со исто пари колку што имал во моментот кога Трамп беше избран за претседател на САД.