Откако „A Rainy Day in New York“ веќе 6 месеци седи завршен без да има премиера, Вуди решава да си ги побара парите што ги има договорено за него и за уште три филма што уште не почнале да ги работат.
Сумата е 68 милиони долари, плус адвокатски и судски трошоци.
Проблемот на Амазон е обвинение против Вуди Ален за сексуален напад во 1992. Иако станува збор за репризно издание освежено од #MeToo и случајот од претходно е познат, добар дел од луѓето кои работат на последниот филм со Вуди изразуваат жалење за своето учество или се согласуваат својот хонорар да го донираат во добротворни цели.
„Амазон се обиде да ги објасни своите постапки наведувајќи 25 години старо, необосновано обвинение против г-дин Ален, но тоа обвинение им беше добро познато на Амазон (и на јавноста) пред Амазон да потпише четири одделни договори со г-дин Ален, и тоа во секој случај не му дава основа на Амазон да го поништи договорот. Едноставно немаше правна основа за Амазон да ги погази своите ветувања,“ пишува во тужбата против Амазон.
Амазон и Вуди Ален веќе имаат реализирано два филма „Wonder Wheel“ и „Cafe Society“, а по завршувањето на вториот потпишуваат договор за уште 4 филмови од кои „A Rainy Day in New York“ е прв снимен.
Од Амазон објасниле и дека имаат проблем со ангажирање на врвни ѕвезди за да работат на филмови со Вуди Ален по обновувањето на сексуалните обвиненија против него.
Кога во 2016 го потпишуваат договорот за „Cafe Society“, Вуди пророчки изјавува „ако и сите врски кои се на почеток и тука има многу надеж, меѓусебно восхитување и искрена добронамерност - тужбите доаѓаат подоцна“.