Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Електрашите почнаа зависноста од никотин да ја лечат со цигари

Добар дел од тие што почетоците на пушењето ги имаа со цигари, почнаа да се префрлаат на електронската варијанта затоа што тоа им звучеше како „поздрава алтернатива“. Сега спасот од цицање УСБ го бараат пак назад кај тутунот.

Индустријата на вести е соучесник во предозирањето со лекови

Пред да се случи масовното навлекување (и претерано и непотребно користење) на лекови против болка, се работеше на ширење потребата од нив, а тоа се одвиваше на терен со работа со доктори, и во етер со медиумско ширење на неопходноста од користење опијати.

Зошто Саудијците лажат колку нафта вадат?

Да им веруваш на изјавите на Саудиска Арабија околу нивното производство на нафта, за експертите е исто како да и веруваш на Кина за нејзиниот економски раст. И деновиве ова само се влоши по нападите на саудиските нафтени капацитети.

Франциско први, граматичкиот Папа

Како ретко кога Папата деновиве го собрал својот тим за комуникации за да разговара за јазикот, конкретно за придавките и именките.

Доба на пластиката

Не таа естетската, не таа амбалажната, туку најважната пластика на која неповратно е навлечена светската популација - банкарската пластика.

Американската војска загадува повеќе од цели држави

Како што Пентагон го смета глобалното загадување за закана за американската армија, така Пентагон во исто време е и закана за влошување на глобалното затоплување.

Јапонска шпанска серија

Две Јапонки решаваат да живеат во истополова заедница а по некое време и својата врска да ја надополнат со дете. Потенцијалниот хепи-енд заглавува кога во приказната се појавува донаторот.

Најден мртов банкарот што преку Естонија испра над 200 милијарди долари на руски тајкуни

Аивар Рехе беше директорот на естонската филијала на Данске банк, кој пред некој ден исчезна, за вчера да биде откриен мртов во дворот на својата куќа.

Кое дете бре, тоа е лудара од Украина

Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.

Изгледа ништо од тоа „Нотр Дам готов за 5 години“

Најнов меѓу „неверниците“ околу временската рамка за реновирање на катедралата е францускиот министер за култура.

Чедаргејт

Угледен француски готвач ги тужи Мишелин бидејќи смета дека неправедно му е одземена една ѕвезда. Тврди дека му се паднал недоветен рецензент на неговата храна кој помислил дека користи англиски кашкавал за француски специјалитет. А нема врска.

Кинески новинари ќе полагаат тестови за лојалност кон господинот Џинпинг

Тестовите не се тривија (која му била прва женска, или што музика слуша), туку ќе се однесуваат на тоа колку новинарите ја разбираат Мислата на Ши Џинпинг, доктрината на кинескиот претседател од 14 точки кои треба да го обележат неговото владеење.

Заборави, ако мораш

Ако сакате интернетот да го заборави вашето минато, најдобро е да се преселикте во ЕУ. Таму Гугл мора да ги тргне непријатните линкови за вас ако тоа го побарате, на други места не.

Чеченски одреди на смртта хараат низ Европа

Зелимхан Кангошвили е Чечен кој пред 20 години ја преживува војната (на страната против Русите), преживува бараж од куршуми во Тбилиси во 2015, бега на уште еден атентат во Украина, и на крај завршува во Берлин каде живее од 2016 до пред некоја недела кога тргнува во џамија и по пат завршува мртов со два куршуми во глава.

Тесла се изрезили во првиот обид да го собори Порше на Нурбургринг

Пред некое време Порше го прикажа своето прво комплетно електрично возило Тајкан, и објави дека истото тоа возило успеало да постави рекорд за круг на Нурбургринг од 7 минути и 42 секунди. Ова беше премногу за егото на Елон Маск па човекот не додржа и на Твитер објави дека праќа Тесла Модел С на Нурбургринг за да го собори рекордот.

Трамп 2020: Многу нека ви е страв

Најдоброто перо на Ролинг Стоун (море и генерално, во американските медиуми), Мат Таиби, пишува за тоа како Доналд Трамп ги растура и допрва ќе ги растура. А на овие не им иде памет.

Златна зора сè послабо изгрева

Нео-нацистичката партија го скрати бројот на вработени во седишето во Атина, а низ земјата ги испозатвори своите канцеларии. Ова е делумно затоа што нивната галама главно издиша, а делумно и затоа што добар дел од другите партии ги приближија своите ставови кон некогаш незамисливото однесување.

Стомакот како казан за печење ракија

Многу се ретки но постојат луѓе чиј стомак, поточно бактериите во него, можат да произведуваат енормни количини алкохол. Таквите знаат одеднаш да станат гипс пијани, без да пипнат алкохол. А вие давајте пари за пијачки и скенирајте сметки.

Премија од 29 милиони долари се падна во бразилскиот Конгрес

Една од оние колегијални идеи што никогаш не успеваат, не само што успеа во Бразил туку и заврши со милионска премија за членови од пратеничка група на долниот дом од тамошниот Конгрес.

Дали е-цигарите ќе бидат најлошата инвестиција во историјата на Марлборо?

Се работи за многу пари, речиси 13 милијарди долари, кои Марлборо ги даде не така одамна надевајќи се на долг рок да штрбне нешто од успехот на електронската цигара Џул. И сето имаше многу логика до пред некое време, кога Трамп одлучи да почне да воведува забрани на е-цигарите.

Колт престанува со производство на најчесто употребуваната пушка во масакрите низ САД

Полуавтоматската АР-15 (која со малку чепкање знае да стане автоматска) е една од пушките од портфолиото на Колт од која повеќе нема да биде произведен ниту еден примерок за цивилна употреба.

На упадот во Ареа 51, дојде никој

Како што обично бива со работи организирани на Фејсбук, упадот во Ареа 51 целосно издиша дури полошо и од најконзервативните предвидвуања.

Најстариот тур-оператор на светот се распадна преку ноќ

„Затвораме дуќан.“ соопштија од најстарата патничка компанија во светот, британската Томас Кукс, оставајќи заглавени во странство стотици илјади Британци кои сега некако треба да бидат вратени дома, во најобемната акција за мировна репатријација со која земјата се има соочено. Заглавија вкупно 600.000 луѓе.

Откако се најаде, Етопија почна и да вежба

30 години по оние бенд-ејдови и уса фор африки, на гладниот континент едно време се одржа конференција на тема: Што правиме со дебелите? Етиопскиот одговор е интересен: ако во светот постои еден ден без автомобили, ние да го имаме еднаш месечно.