„Америка е првата земја на светот која го избрала својот Луд Крал и како што стојат работите, можеби сме доволно глупави тоа да го направиме и вторпат.“
Мат Таиби
Доналд Трамп не ја посетува средна Америка, тој прави десант врз неа, пишува Таиби објаснувајќи дека неговите настапи се спектакли рамни на оној да дојде Папата или НАСА да шета заробен вонземјанин низ државата.
Присуствувал на таков настап со околу 20.000 луѓе. Секакви меѓу нив, на пример црнци кои продаваат капи и маици со навивачки слогани. А меѓу слоганите и „Фати ги пак за пичка!“ или „Трамп 2020: Ебете се со вашите чувства!“.
2,5 години од неговиот прв мандат и тој веќе има место во историјата, обично резервиранo за наследни монарси на крајот од лозата. Историчарите, смета Таиби, ќе го стават некаде меѓу Влад Дракула и францускиот Луд крал (Шарл Шести, човекот кој верувал дека е од стакло па одел со штитници на себе за да не се скрши - заб.прев.)
„Кралското лудило по традиција е нешто тајно, но во Америка во доба на Твитер тоа е споделено национално искуство“, пишува Таиби.
„Историјата брутално ќе нè суди за тоа, а со посебен отров ќе гледа на политичките опоненти на Трамп од обете партии кои со години не успеаја да станат попопуларни од човекот кому повеќето луѓе не би му оставиле часовник да им чува, а не па дете.“
Авторот сумира дека првичната мисија на Трамп била да ги растури Републиканците како валиден политички ентитет. Па потоа се тркаше за претседател како некој кој сака да изгуби, а победи. Денес неговата карма е да стави спектакуларен крај на кршливиот расен консензус во Америка. Медиумите плетат легенда дека неговиот успех се должи на тоа што е расист но Таиби смета дека по тоа прашање, Трамп е 50 години назад во однос на најлошите кругови во Републиканската партија.
„Сево ова време, секогаш кога изгледаше дека Трамп ќе тресне во кантата на историјата, тој повторно отскокнуваше, парализирајќи ја Демократската опозиција. Кога Трамп ги потепа другите Републиканци, Демократите воодушевено навиваа. Кога ги победи нив, се правеа дека се изненадени.“
Ваквиот циклус дополнително ги отуѓи луѓето и направи изборите во 2020 да изгледаат како црна комедија, како циркус на „леб и игри.“ Средните Американци се навикнаа ништо да не добиваат на изборите па почнаа да ја третираат домашната политика како далечен и претенциозен сит-ком.
„Погледнете колку е деградиран американскиот политички пејзаж: Мајк Пенс денес изгледа како потпретседател. Во 2016-та изгледаше како некој кој треба да брани раскринкан синџир на канибали кои јадат деца.“
Линк до целиот текст имате на крајот а ние уште само пар пасажи да преведеме од Таиби, чисто да ви доловиме колку јако пишува тој луциден политички аналитичар.
„Кога се на бина пред луѓе, другите кандидати швенкаат со поглед по публиката како да бараат снајперист.. За разлика од нив, Трамп пред своите изгледа задоволно како манијак кој се трие од жената пред него во јавен транспорт“.
„Трамп дига две тупаници во правец на човек со црвено капче и зелен армиски елек. Кога ќе погледне кон него, човекот го фаќаат спазми како куче кога сере. Другите мавтаат со раце како Пентекосталци или дигаат два прста во знакот на Победа. Пандемониум“.
„Потоа тој се присети на неговата трка во 2016 кога орди народ излегоа на гласање за да го испратат во Белата куќа. Таквите доаѓаа од места кои Трамп никогаш не би ги посетил, освен ако авионот не му се сруши врз нив.“
„Публиката на Трамп се има сменето. Во 2016-та година, да побараш изјава од нив беше како да сецнеш група стрејт мажи како меѓусебе си ги дркаат позади комбе. Едноставно, нејќеа да зборуваат за тоа“.
Значи тука.