За прв пат во историјата плаќањето со кредитни картички го надминало плаќањето со готовина, покажуваат бројките од британската малопродажба. Со ова банкнотите и монетите завршија на трето место по популарност меѓу начините за плаќање.
Пластиката, агрегирано, одамна ја има надминато готовината по популарност, новината се однесува само на кредитните картички. По бројки пластика вс. кеш ситуацијата отприлика е 80 спрема 20 проценти од вкупниот промет. Кога пластиката ќе се разложи на дебитни и кредитни картички, бројките се: 57% од прометот доаѓа од дебитни картички, 21,5% е од кредитни, а 20,4% е од готовина.
Во 2018, продавниците платиле 1,3 милијарди фунти само за надомест за користење на уредите за наплата на картички.
Бројките се од Британскиот малопродажен конзорциум, чии членки годишно опфаќаат промет од 180 милијарди фунти.