Се работи за Работничката партија на Бразил, партијата на поранешниот претседател Лула, и 49 нејзини советници Долниот дом на Конгресот, кои ќе треба да поделат премија од 29 милиони долари.
Блумберг пишува дека луѓето дознале за својата добивка (речиси 600.000 долари од човек) за време на седница на Конгресот, а веста инстантно се раширила.
Како ретко за што во последниве години, сите конгресмени биле обединети во честитките кон своите колеги, а луѓе од партијата при честитањето им порачале дека добивката не значи дека ќе престанат да се залагаат за високи даноци за големите приходи.
Бразилскиот Конгрес изминатите години беше бојно поле на кое завршуваа најразличните масовни протести што се случува во земјата, почнувајќи од игрите во Рио, до апсењето на Лула.