Од 2008, 17 американски војници починале од истоштеност од топлина за време на обуката, а само минатата година речиси 2.800 војници добиваат топлотен удар. На почетокот од 2019, внатрешна истрага на Пентагон открива дека две-третини од клучните инсталации на Пентагон се под директна закана од климатски промени, под кои подразбираат поплави, суши и пожари.
Во исто време американската војска е во врвот по придонесување за глобалната климатска катастрофа.
Дури и без да се земат предвид сите тестирања (и користење) на нуклеарно оружје, само од почетокот на војната против тероризмот, американската војска има создадено 1,2 милијарди тони стакленички гасови, или колку 257 милиони патнички возила годишно, што е речиси еднакво на сите регистрирани возила во САД.
Ова е повеќе од годишното загадување на цели држави како Мароко, Шведска или Швајцарија. Само од воените активности во Авганистан, Ирак, Пакистан и Сирија тие имаат создадено над 400 милиони тони јаглерод-двооксид.
Иако САД никогаш официјално не го ратификува договорот од Кјото од 1992, тие успеаа да се изборат загадувањето од војската да биде исклучено од еколошките стандарди и граници кои се воведоа со договорот. Договорот од Париз ја затвори таа дупка, меѓутоа Трамп комплетно ги повлече САД од договорот, со што се укина и каква било контрола врз загадувањето од американската војска.
Бројките се следни: од горивото што го трошат, околу 30% се користи за потребите на инфраструктурата, а Пентагон само за 2017 има платено 3,5 милијарди долари за греење, ладење и струја. Останатите 70% се оперативни, што значи гориво за секое можно возило што го има војската од копнено, до воздушно и морнаричко. Така за гориво за авијацијата, морнарицата и армијата, во 2017 биле потрошени 8,6 милијарди долари.